19 Декември, 2025
0.0458

ОКТА трет квартал реализира подобрена профитабилност

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2016 09:56

Добивај вести на Viber

Финансиски резултати за 3 квартал од 2016 година

Солидните резултати продолжуваат како на домашниот така и на надворешниот пазар

3 квартал 2016

3 квартал 2015

(Во милиони денари)

септември 2016

септември 2015

5,449

5,715

Приход од продажба

13,523

14,797

333

254

Бруто маржа

986

804

209

239

Оперативни трошоци

639

672

188

136

ЕБИТДА

537

382

123

36

Добивка пред оданочување

302

154

ОКТА, веќе трет по ред квартал, реализира подобрена профитабилност, како резултат на зголемениот пазарен удел и оперативните подобрувања. Следствено, реализираше зголемен волумен на продажба на домашниот и надворешниот пазар, надополнувајќи го намалениот приход од продажба како резултат на намалените цени на нафтените деривати на меѓународниот пазар споредено со истиот период минатата година, кој заедно со оптимизацијата на трошоците оствари ЕБИТДА во износ од 188 милиони денари наспроти 136 милиони денари во третиот квартал во 2015 година. Во продолжение на претходно образложеното, добивката пред оданочување во износ од 302 милиони денари е речиси двојно зголемена  во споредба со остварените 154 милиони денари минатата година.

Генерирајќи ги овие значајни резултати од работењето, компанијата продолжи дополнително да ја зацврстува својата финансиска позиција, покривајќи ги и планираните капитални трошоци, како и исплатата на дивиденда.

Во последниот квартал ОКТА продолжи да спроведува општествено-одговорни програми со бенефит за заедницата. Заедно со своите вработени, компанијата започна хуманитарна акција за помош на граѓаните погодени од поплавите. Дополнително, препознавајќи ја потребата за промоција на културни настани во земјата, ОКТА обезбеди поддршка за организацијата на реномирани музички фестивали. Истовремено, фокусот на компанијата за развој на идните генерации се рефлектираше преку поддршката на проектот за млади лидери со различна етничка припадност, како и просперитет на надежни кошаркарски таленти.

Компанијата како еден од двигателите на економијата овозможува непрекинато снабдување со  горива за сите сектори како и поддршка на развојот за оние што се директно поврзани со нафтениот сектор. Во исто време, ОКТА веќе ја има докажано својата посветеност и практичен придонес за благосостојбата на општеството.


Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција