ОМД од Вашингтон им порача на САД да не се мешаат во Македонија
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2018 08:32
На вчерашниот состанок, претставниците на ОМД остро ја критикуваа условеноста на Македонија за промена на уставното име по цена на придобивките наведени во Преспанскиот Договор. ОМД исто така изрази несогласување со неодамнешните изјави на Стејт Департментот, кои погрешно ги интерпретираат резултатите од референдумот оддржан на 30 Септември како успешни. Државната Изборна Комисија (ДИК) на Македонија го прогласи референдумот правно неважечки поради незадоволениот услов за исполнување на клучните 50% излезеност дефинирани во Уставот.
ОМД се спротивстави и на актуелното писмо од страна на Помошник Секретарот за Европски и Евроазиски Прашања Вес Мичел упатено до лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, кое дава впечаток на партиска фаворизација во Македонија. Ова писмо, заедно со изјавата на Заменик Претседателот Пенц, изразуваат поддршка кон уставните промени на Македонија, се значителни и вознемирувачки пример на несоодветно мешање на САД во домашната политика на Македонија.
Очекувањата од Македонија да спроведе уставни промени е спротивно од клучните принципи на администрацијата на Претседателот Трамп, за немешање во внатрешните политики на суверените нации. Напорите на САД за вршење на притисок врз Македонија за промена на уставното име на земјата, како би ги задоволила барањата на Грција, според ОМД се контрапродуктивни и несоодветни. Пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ не смее да биде предмет за промена на уставното име на земјата. Наместо тоа, САД треба да и помогни на Македонија во исполнувањето на критериумите за членство, што бара структурни реформи, владеење на правото и стабилни владини институции.
ОМД, исто така, изрази загриженост во врска со вмешувањето на американскиот амбасадор Џес Бејли во секојдневниот живот на Македонците – особено притисокот на пратениците да гласаат за уставни промени и побара итно повлекување од неговата функција во Македонија. Ваквите акции го нарушија имиџот на САД во Македонија, региониот и ја намалија македонската поддршка за влез во НАТО и во ЕУ. ОМД ги поддржува државјаните на САД кои бараат истраги за однесувањето на амбасадорот Бејли, вклучително и во соодветна употреба на американските даночни долари за да ги поттикнат Македонците да поддржат еден исход над друг.
ОМД цврсто верува дека поддршката на САД на Преспанскиот договор ја поткопува демократијата во Македонија и ќе доведе до уште поголема нестабилност во регионот
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




