ОН: До 2015-та, сиромаштијата ќе биде преполовена!
Објавено во: Свет 14 Март, 2013 22:10
Според последниот извештај на Програмата на ОН за развој, до 2030 година во Азиско-тихоокеанскиот регион ќе живеат две третини од средната класа во светот бидејќи е надмната сиромаштија на стотици милиони луѓе во земјите во развој.
Во документот „Извештај за човековиот развој“, што опфаќа над 40 земји во развој, се наведува дека образованието, борбата против сиромаштијата и учеството во светската економија се главни фактори за брзиот економски раст во земјите од Источна Азија, како Кина, Индонезија, Тајланд, Малезија и Виетнам. Притоа први на Индексот на човековиот развој на ОН се Норвешка, Австралија и САД, а последни се Мозамбик, Конго и Нигер.
Иако се забележува дека милијарди луѓе, кои влегуваат во средната класа во светот, бележат зајакнување на социјалната и глобалната поврзаност, сепак нивото на приходите во земјите во развој се многу помали од нивото на приходите во богатите земји во Европа и Северна Америка. ОН нагласуваат дека е остварена својата цел до 2015 година за половина да биде намалена сиромаштијата, дефинирана како живот со помалку од 1,25 долари на ден. Во извештајот се истакнува дека Кина и Индија успеале да ги дуплираат приходите по глава на жител во изминатите две децении. До 2020 година вкупниот БДП-то на Кина, Индија и Бразил ќе го надмине вкупниот БДП на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада.Економскиот раст изминатите децении директно влијаел врз намалувањето на сиромаштијата од 43 проценти во 1990 година на 22 проценти во 2008 година, стои во Извештајот.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




