ОН СЕ ПОБУНИ: Израел ја користи водата како „воено оружје“
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2023
Израел ја користи водата како „воено оружје“, велат од Обединетите нации (ОН).
ОН проценува дека 70 отсто од населението во Газа пие загадена вода.
ОН соопшти дека недостатокот на гориво во Газа доведе до катастрофални последици, создавајќи кризи за вода, санитарни услови, здравствена заштита и комуникациски кризи за цивилното население.
„Израел мора да престане да ја користи водата како воено оружје“, рече Педро Аројо Агудо, специјален известувач за човековите права за безбедна вода за пиење и санитарни услови на ОН.
Тој додаде дека лишувањето на цивилите од основните потреби со намера „уништување“, е чин на истребување и е класифицирано како злосторство против човештвото.
Во Газа загинаа најмалку 12.000 луѓе.