15 Декември, 2025
0.0282

„Она што ќе го договорат работодавачите и синдикатите, Владата ќе го испочитува“: Ристески за растот на минималецот

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2025 14:18

Добивај вести на Viber

Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС), ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. 

Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само ако има трипартитна согласност во ЕСС, од сите засегнати страни, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

- Знаеме дека синдикатите секогаш настојуваат да се зголеми минималната плата, но еден од главните приоритети на Владата е подобрување на животниот стандард. Ние остануваме на она што секогаш го кажуваме транспарентно, договор да има во рамки на Економско-социјалниот совет каде постои и трипартитен дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и владините институции. 

Она што ќе го договорат работодавачите и синдикатите, Владата ќе го испочитува. Се додека не постои таков договор, ќе важи постојната формула за пресметка на минималната плата која е донесена со договор меѓу трите страни во ЕСС. 

Се додека не постои таков договор, има постоечка формула донесена со трипартитен договор и потпис од сите овие три страни во ЕСС и со пресметките од таа формула ќе има зголемување. Ќе каже формулата колкаво ќе биде зголемувањето во март 2026 година - изјави Ристески, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на Неделата на претприемништвото.

Според него, за да дојде до промена на формулата донесена со трипартитен договор, треба повторно да има интерес кај трите страни кои учествуваат во ЕСС.

- Доколку имаат таква можност и потреба синдикатите и работодавачите, ние би излегле во пресрет и за промена на постојната формула. Но, да напоменам дека очекуваме да се договорат, зашто секогаш треба барањата на синдикатите и потребите и интересот на работодавачите да биде синхорнизиран за постојано да ја подобруваме економијата. 

Ниту еден договор не треба да биде на штета ниту на работниците, ниту на економијата зашто имаме кревка економија и се тоа понатаму влијае врз животниот стандард, економскиот раст и БДП - потенцира заменик-министерот.

Тој напомена дека Владата ќе направи се за раст на економијата и продуктвиноста, за општо подобрување на економската слика и природно да се зголемуваат платите во државата, вклучувајќи ја и минмалната плата.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден