Она што се случи во Индија, може да се случи насекаде, вели Клуге
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Мај, 2021 21:05
На добар пат сме да се спречи пандемијата, но не треба да се брза со укинување на мерките, вели директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.
Тој денеска во Сараево изјави дека тој е „претпазлив оптимист“ и верува дека светот е на добар пат да ја спречи пандемијата на коронавирусот. Сепак, предупреди дека не треба да се брза со укинување на мерките. Клуге предупреди дека сепак е потребно да се задржи претпазливоста, бидејќи не е постигнат целосен успех, поради што мерките за ограничување треба да останат уште некое време за инфекцијата повторно да не се прошири неконтролирано.
„Она што се случи во Индија, може да се случи насекаде. Ако имате масовни собири и нагло укинување на мерките, со продирање на нови варијанти на вирусот, проблемот лесно ќе се врати“, рече Клуге.
СЗО ќе го забрза производството и дистрибуцијата на вакцините. Клуге кажа дека почетокот на вакцинацијата е многу бавен, но објасни дека ова не е „рутинска имунизација“ затоа што обично се потребни од пет до седум години за да се развијат безбедни вакцини. Вели дека ова е историски успех што за една година се развиени пет безбедни вакцини.
Сега е најкритично во Индија, каде има најмалку 20 милиони заразени со вирусот.
Сите кои од Индија и Бразил ќе допатуваат во Македонија, ќе мора да одат 14 дена во карантин.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





