Онишченко за Слободен печат: Многу време поминав во Скопје и целата процедура ја спроведов легално
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2022
Многу време поминав во Скопје и целата процедура ја спроведов легално, вели за Слободен печат, украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко за кој се дозна дека поседувал македонски пасош.
„Прво сакам да кажам дека пред Македонија, Германија ми ги даде сите документи и живеам во Германија. Во Македонија бев регистриран во куќа на кошаркар и го знам многу добро него. И државјанството го вадев две години“, вели тој.
Наведува дека имал американско државјанство, бил еден од најбогатите луѓе во Украина и немало зошто да се занимава со проституција. Тој за Слободен печат тврди дека никогаш не бил на црната листа на САД.
Директорот на АНБ, Виктор Димовски в петок ќе реферира пред Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, како Агенцијата дозволила Олександр Онишченко да добие македонски пасош.