20 Април, 2024
0.0276

ОНЛАЈН ИГРИТЕ И ОБЛОЖУВАЊЕТО СТАВЕНИ ВО УРЕДБА - посебни давачки за приредувачите

Објавено во: Финансии 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Како што и најави, Владата донесе Уредба со која за време на вонредната состојба ќе се регулира организирањето на игри на среќа преку интернет, што ќе важи за казината, автомат клубовите и обложувалниците. Дали тоа треба да биде замена за класичните игри на среќа, со оглед што тие објекти не работат заради рестриктивните мерки наложени поради коронавирусот?

Во овој документ се наведени прецизни правила на игра и за компаниите што приредуваат игри на среќа, но и за граѓаните што ќе учествуваат во нив. Приредувачите ќе плаќаат и посебни давачки кон државата, како плус трошок кој досега не се пресметувал.

Во петокот минатата недела веќе е објавена Уредбата со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба, и таа е веќе влезена во сила уште истиот ден. Во неа е наведено дека право да приредуваат интернет игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб, имаат приредувачите кои имаат лиценца за тоа, добиена согласно со Законот. 

Приредувачите, стои во Уредбата, имаат право интернет игрите на среќа да ги приредуваат преку веб апликација, што може да биде веб страна или веб платформа, или, пак, мобилна апликација. Тие ќе мора да имаат информатичка опрема на територијата на земјава, односно хардвер и софтвер преку кои играчите учествуваат во игрите, како и за размена на податоци со серверот на Управата за јавни прихoди. Должни се приредувањето да го вршат користејќи го постојниот надзорен информациски систем НИС кој е поврзан со информацискиот систем на УЈП. Ќе имаат право да ги приредуваат игрите кои се уредени со Правилата одобрени од Министерството за финансии, согласно издадената лиценца. 

ПОСЕБНИ ДАВАЧКИ ЗА КАЗИНАТА, АВТОМАТ КЛУБОВИТЕ И ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ

За компаниите со новата Уредба се предвидени и плус давачки, и тоа различни за казината и автомат клубовите, а различни за обложувалниците.

„Приредувач на интернет игри на среќа - казино и автомат клуб плаќа посебна давачка од 23 отсто на разликата меѓу уплатениот и исплатениот износ, на месечна основа. Приредувач на интернет игри на среќа - обложувалница, плаќа посебна давачка од 4 отсто на вкупно уплатениот износ во форма на влог на приредувачот, на месечна основа. Посебната давачка се плаќа до 15-ти во месецот за претходниот месец“, се вели во Уредбта. 

За да се обезбеди исплатата на добивките на учесниците, за да се намири посебната давачка, даноците, другите јавни давачки, како и другите обврски, Министерството за финансии наплатува средства од депонираните депозити или гаранциите на приредувачите, обезбедени по основ на лиценците.

Пред да започне со приредување на интернет игрите, приредувачот, на својата веб страна, објавува правила за приредување веб или мобилна апликација одобрени од страна на Финансии. Во интернет игрите можат да учествуваат само учесници кои се регистрирани кај приредувачот. Учесникот регистрацијата ја врши електронски со пополнување на пријава за учество на веб или мобилната апликација. При регистрацијата, учесникот склучува договор за учество, преку апликацијата. Договорот се склучува со регистрирањето од страна на учесникот, со што тој ги прифаќа условите за учество, правилата на игра и другите договорни одредби. За регистрација, учесникот задолжително дава име и презиме; датум на раѓање, и-мејл адреса; ЕМБГ, лозинка и податоци за трансакциска сметка каде што ќе се исплатува добивката.

Ако приредувачот утврди дека регистрираниот учесник доставил лажни информации и покрај тоа што веќе е регистриран, тој е должен веднаш да го исклучи како учесник и да ја поништи регистрацијата, а за тоа да го извести него веднаш. Едно лице може да поседува по еден кориснички профил кај еден приредувач. 

Уплатите и исплатите се вршат со пренос на средствата преку банка со седиште во земјава. Прометот од игри на среќа настанува со уплата на влогот од евиденциската сметка на регистрираниот учесник - на приредувачот. 

ГЛОБИ ОД 500 ДО 4.000 ЕВРА

Оние што приредуваат интернет игри не смеат да вклучат учесник доколку тој не е регистриран согласно правилата за регистрација, нема доволно средства на сметката за покривање на влогот или ако дознае дека средствата не се обезбедени на законит начин. Се забранува и уплата на средства во готово. Уплатата учесниците можат да ја вршат преку картичка, кредитна или дебитна, преку електронски трансфер (електронско банкарство), или, пак, со уплата на шалтер кај носител на платен промет. 

Приредувачот е должен да и овозможи посебен електронски пристап во реално време на УЈП. Преку овој пристап, таа во секое време може да ги добие податоците од регистарот на учесници, за евиденција на средствата, за секој поединечен влог, за исплатените средства од приредувачот, за остварените добивки, како и за исплатените добивки од игрите со време на секоја поединечна исплата. 

Во Уредбта се предвидени и значајни глоби.

„Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра ќе му се изрече за прекршок на приредувачот ако не му ги стави на располагање на учесникот сите информации, не му ги уплати расположливите средства на негова трансакциска сметка во утврдениот рок, и не и овозможи посебен електронски пристап во реално време на УЈП до податоците. За прекршокот на одговорното лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 евра“, се нагласува во овој документ со законска сила. 

Натаму, од Владата во Уредбата нагласиле и дека таа ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, како и шест месеци по престанувањето на траењето на вонредната состојба. 

А страсните фанови на обложувањето, на кои заради неработењето на класичните обложувалници таа забава но и можност за заработка им е ускратена, веќе наголемо се интересираат преку социјалните мрежи и групи, на кој начин да стартуваат со обложувањето. Многумина, пак, на кои им успеало да влезат во системот, сесрдно им помагаат на оние што тоа уште не го направиле, односно им укажуваат како и тие можат да станат учесници во оваа онлајн активност. 

Сепак, следбениците на спортското обложување во овој период немаат многу избор за типување, со оглед што речиси сите фудбалски натпревари, кои беа главни во обложувалниците, со некои исклучоци, не се играат во овој период.

А неодамна, пред да биде донесена Уредбата, од Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија ја информира јавноста дека не е точно дека онлјан обложувањето треба да го замени традиционалното. 

„Игрите на среќа продолжуваат нормално да се организираат како и досега. Истите се јасно регулирани со закон и дозволи за работа, а во индустријата остануваат вработени околу 8.000 дирекно вработени како и повеќе од 50.000 индиректни работни места кои оваа индустрија ги подржува. Во изминатиот период Министерството за финансии ја разгледуваше можноста за дополнително организирање на онлајн обложување и игри на среќа, процес кој е започнат одамна. Онлајн обложување веќе се организира, но само од страна на Државната Лотарија, а сега се разгледува можноста истото да биде организно и од страна на другите приредувачи на игри на среќа... Доколку уредбата биде прифатлива за сите засегнати страни, ќе овозможи и земјава како сите земји во регионот да имаат вака организирана игра, дополнителни приходи во буџетот и подобри услови за играчите. Според проценките на нашата организација, меѓу 40 и 50 милиони евра годишно се одлеваат на странски сајтови за онлајн обложување и игри на среќа“, наведоа во соопштението. 

Пред да биде објавена Уредбата министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека на оваа иницијатива се работело во изминатиот период.

„Ова не е нешто сосема ново, затоа што ако го погледнете и постојното законско решение, ќе видите дека и тоа содржи одредби и членови за онлајн игри на среќа, вклучително и за онлајн обложување, казина и автомат клубови. Ова го има во постојното законско решение, но досега не беше имплементирано во пракса. И пред оваа криза беа изработувани компративни анализи бидејќи речиси сите земји го имаат овозможено. Тоа е важно во овој период, од аспект дека 8.000 лица работат во индустријата, и би било мерка во насока на подобрување на регулативата. Така ќе се надмине проблемот со физичките локации“, рече министерката. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин