16 Декември, 2025
0.0412

Опасен предлог на хрватската претседателка: Побарала оставка од премиерот!

Објавено во: Балкан 23 Февруари, 2015 19:54

Добивај вести на Viber

Хрватските медиуми го пренесуваат соопштението од кабинетот на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ во кое таа го повикува на оставка хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.
Соопштението било издадено по повод писмото во кое Милановиќ предложил заеднички да свикаат седница на Советот за национална безбедност, пренесува српски блиц.
За излез на Хрватска од кризата, новоименуваната претседателка Колинда Грабар - Китаровиќ, предлага премиерот Зоран Милановиќ да си даде оставка, јавуваат хрватските медиуми.
Имено, Милановиќ упатил писмо до претседателката, на што таа му одговара со соопштение во кое стои дека „најконкретен предлог за излез на Хрватска од кризата е оставка на претседателот на Владата“. Грабар  - Китаровиќ му предложила на Милановиќ заедничка седница на Влада заради тешката економска и социјална состојба во земјата, во телефонски разговор. Таа предложила и тимови од двата кабинети да утврдат дневен ред на седницата, но бидејќи тоа не се случило таа упатува на Уставната можност за дневен ред назаедничка седница. „Во врска со повикот до претседателот на Владата на Хрватска да подготви конкретни предлози, начин на спроведување и проценка на финансискиот учинок на тие предлози за заедничка седница на Владата, нагласуваме дека претседателката, по темелни анализи и консултации со стопански стручњаци, дојде до заклучок дека најконкретен предлог за излез на Хрватска од кризата  е оставка на претседателот на Владата“, стои во соопштението од Кабинетот на Грабар - Китаровиќ.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата