16 Април, 2024
0.0252

Opel ќе претстави осум нови или освежени модели до 2020 година

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

• Посилна ориентација кон клиентот

• Фокус на сегментите со голема продажба и сегменти што брзо растат со три клучни фактори до 2020 година: новата Corsa, Vivaro и наследникот на Mokka X

• Усогласеност на СО2 со најсовремената технологија: четири електрифицирани возила до крајот на 2020 година; 100 проценти електрификација до 2024; дополнително подобрени мотори со внатрешно согорување

Риселсхајм. Opel продолжува да го исполнува PACE! Планот за офанзива на производи што ги задоволуваат потребите на потрошувачите и да обезбедат усогласеност со драстичните европски насоки за CO2 кои ќе станат ефективни во 2020 година. Идното портфолио ќе обезбеди одржлива и успешна иднина и за компанијата и за нејзината дилерска мрежа. Од почетокот на 2019 година до крајот на 2020 година, компанијата ќе претстави осум нови или освежени модели, инвестирајќи главно во сегментите што носам поголема продажба и во профитабилните сегменти. Дотогаш, Opel ќе понуди еден од најновите портфолија на сите производители.

Со PACE! планот, Opel јасно се посвети на понудување на барем еден нов модел на пазарот секоја година. Само во 2019 година, Opel ќе ја промовира новата генерација на најпродаваната Corsa, и наследникот на успешните Vivaro како LCV и варијантите на патнички автомобили. Дополнителните варијанти и верзии на опременост на Combo исто така ќе бидат во продажба, со што значително ќе се обнови LCV портфолиото. Наследникот на многу популарната Opel Mokka X ќе следи во 2020 година и ќе игра клучна улога за стратегијата за проширување на процентот на продажбата на SUV сегментот на компанијата на 25 до 40 проценти до 2021 година.

"Opel оди електрично" беше една од обврските што ги превзема компанијата во ноември 2017 година како дел од својoт PACE! план. Книгите за нарачки ќе бидат отворени  до летото 2019 за новата Corsa со пет седишта и Grandland X PHEV кои ќе се произведуваат во Ајзенах. До крајот на 2020 година, Opel ќе има вкупно четири електрифицирани модели на понуда, обезбедувајќи големо задоволство при возењето и ќе ја трансформира побарувачката на е-автомобил од имиџ до бројки во продажбата. До 2024 година, ќе има електрифицирана верзија на секој модел на Opel. Компанијата ќе направи многу интересни понуди, и технички и економски, и ќе ја демократизира електромобилноста, со понатамошно подобрување на своите мотори со внатрешно согорување.

За да придонесат кон усогласеноста со барањата за CO2 и да се фокусираат на сегментите со голема продажба, Opel ADAM, KARL и Cascada нема да бидат заменети по завршувањето на нивниот животен циклус, но ќе останат во продажба до крајот на 2019 година. Со новото портфолио, Opel ќе продолжи да опфаќа околу 80 отсто од главниот пазар во 2020 година - со значително поголема ефикасност и ориентација кон клиентите, истовремено намалувајќи ја сложеноста.

"Во контекст на драстичнитe норми за CO2, нашата одговорност е да формираме одржлива иднина за нашата компанија и нашите дилери со високо конкурентно портфолио за патнички и лесни комерцијални возила. Opel ќе понуди забавно возење и емотивно дизајнирани модели, вклучувајќи високо конкурентни лесни комерцијални возила, како што се новите Combo и Vivaro. Корисниците ќе имаат корист од широкото воведување на иновативни технологии и достапната електрификација ", вели Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel. "Најновите награди - како IVOTY 2019 за нашиот Combo - покажуваат дека сме на вистинскиот пат".

Германскиот производител со речиси 120 годишна автомобилска традиција ги користи платформите на Groupe PSA и иновативните технологии за погон за сите нови модели. Opel годинава импресивно ја покажа својата ефикасност: целото портфолио беше и е целосно достапно кај дилерите на време за транзиција кон новиот светски стандард за хармонизирани лесни возила (WLTP). Покрај тоа, Opel е веќе целосно подготвен за новиот стандард за емисија на Euro 6d-TEMP и нуди 127 модели на патнички автомобили кои ги исполнуваат условите кои ќе стапат на сила за сите ново регистрани возила во септември 2019 година. "Нашата посветеност кон Euro 6d-TEMP е дел од нашата стратегија да станеме лидер во намалувањето на емисиите кај возила и клучен столб на нашиот пристап кон клиентот. Кој и да купи нов Opel сега не смее да се плаши од забраната за градско возење од денешна перспектива ", вели Лохшелер.

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!