19 Декември, 2025
0.1129

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2025 14:16

Добивај вести на Viber

Опозициските партии СДСМ и Левица денеска остро реагираат на предложените измени на Законот за полиција, каде што, како што соопштуваат од таму, се брише членот со кој се бара началник на полиција да има минимум шест години полициско работно искуство.
„Тошковски сака да ја партизира полицијата и да ја уништи кариерата и професионалноста. Денеска сме тука да предупредиме за опасниот и штетен обид на Панче Тошковски и Владата да ја партизираат и уништат полицијата како професионална служба.

Со предложените измени на Законот за полиција, Тошковски директно удира врз кариерниот систем, го понижува знаењето и искуството и отвора вратите за масовно вработување на партиски војници и послушници на ВМРО-ДПМНЕ.

Со измените на член 2, Тошковски предвидува за највисоките позиции да се поставуваат луѓе со несоодветно образование и без искуство на раководна позиција. Со тоа се деградира полицијата и наместо професионалци се носат советници со нејасно дефинирани улоги и заслуги.

Со член 4, се бришат критериумите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна позиција за началник на СВР. Ова значи дека началник на СВР може да стане и човек кој вчера положил приправнички испит, односно било кој што ќе го избере Тошковски“, реагира СДСМ.
Според Левица, законските измени суштински воопшто не придонесуваат за професионализацијата на МВР, туку напротив, со истите ќе се засили партизацијата на полицијата.

„Во контроверзните измени (кои ги предлага министерот за “безбедни дивоградби”) скандалозно се предвидува бришење на условот за претходно искуство при поставување началник на Сектор за внатрешни работи. Имено, со новиот предлог-Закон за полиција се брише став 2 од член 22 во Законот за полиција, кој експлицитно предвидува: ,,за началник на сектор за внатрешни работи може да биде назначено лице кое има работно искуство во Полицијата најмалку од шест години, од кои четири години на раководно работно место”.

Ваквото намалување на критериумите при поставување на раководни места е директна деградација за вработените во МВР, каде наместо искуството и професионалноста да бидат критериуми за напредување - очигледно под капата на вмровскиот режим единствен услов за напредување во безбедносните служби ќе биде партиската послушност и потчинетост. 

Дополнително, Владата воведува и заменик-директор на Бирото за јавна безбедност, што во пракса искуството покажува дека ваквите функции служат само за задоволување на теснопартиските интереси и коалиционите апетити, во услови кога бирократизираните институции и преобемната администрација го цедат државниот буџет токму со вакви нерационални функции. 

Наместо професионализација, Владата дополнително ги намалува критериумите за избор на директор, односно се бришат одредбите кои специфицираат дека директорот мора да има високо образование од областа на безбедноста, правото или економските науки. Во предлог-измените останува прешироката формулација дека доволно е директорот да има високо образование од областа на општесвените науки, што е недозволиво кога се работи за професионалност на безбедносните служби“, сметаат од Левица.

Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК