09 Октомври, 2024
0.0277

ОПСАДА НА ПАРИЗ! Земјоделците со трактори во големите градови низ Франција: мобилизирани околу 15.000 полицајци

Објавено во: Свет 29 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Околу 15.000 полицајци денеска ќе бидат мобилизирани во Франција за да ги спречат земјоделците да влезат со трактори во Париз и поголемите градови за време на протестите, соопшти владата на Франција.

ТВ БФМ наведува дека гневните земјоделци, кои се незадоволни од владините мерки, најавиле дека ќе воспостават „опсада“ на Париз со блокирање на патиштата околу главниот град во 14 часот. Земјоделците ја започнаа денешната акција низ Франција и покрај тоа што им го понуди премиерот Габриел Атал.

„Ни треба повеќе од изјави, потребна ни е посветеност, силна акција, има мерки, но треба да ги знаеме деталите, појаснувања“, рече Клемон Торпи, претседател на Здружението на млади фармери од регионот „Ил-д-Франс“.

Инаку француските земјоделци најавија дека денеска со над 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, вчера разговараше со своите најблиски соработници за одговорот на полицијата на заканите на незадоволните земјоделци.

Тој им наложи на поединечните служби да распоредат значителен одбранбен систем за да спречат каква било блокада на аеродромот и каков било влез на земјоделците во главниот град.

Земјоделците протестираат и поради договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и извозниците на храна, поебно и поради договорот со јужноамериканскиот блок Меркосур, кој се уште е во фаза на подготовка, а за кој тврдат дека ќе придонесе и за нелојална конкуренција на пазарот.

Владата во петокот ги укина плановите за постепено намалување на државните субвенции за дизелот за земјоделците и најави мерки за намалување на финансиските и административните такси со кои се соочуваат земјоделците. Најголемиот француски синдикат на земјоделците ФНСЕА, сепак, соопшти дека ќе протестите ќе продолжат.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист