Општина Центар ќе субвенционира до 3000 денари за секој нов купен велосипед
Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2014 18:19
Општина Центар ќе субвенционира купување на нови велосипеди за жителите на Центар.
Висината на субвенцијата ќе изнесува 30% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3000 денари. Градоначалникот ќе донесе посебен акт за реализација на проектот, а граѓаните ќе бидат дополнително известени преку средствата за јавно информирање и преку веб сајтот на општината. Овој предлог на градоначалникот Жерновски денеска беше изгласан од Советот на општина Центар. Парите се од буџетот на општина Центар предвиден за 2014-та година и изнесуваат 2.500.000 денари. Ова е реализација на уште едно од изборните ветувања на Жерновски, а причина е заложбата за регулиран и хуманизиран сообраќај, намалување на загадувањето и релаксирање на сообраќајот. Градоначалникот Жерновски на седницата на Советот посочи дека нема да дозволи политиката да се рефлектира врз учениците и побара заеднички, сите советници да ургираат Владата на РМ да го реализира ветувањето за помош за иградба на ново училиште во Центар. “Не е важно кој е избран за градоначалник, Владата треба да го оствари своето предизборно ветување дека ќе помогне за изградба на ова училиште. Веднаш штом Владата го донесе решението за градење, општина Центар ќе даде уверение. Во општина Центар ќе се запишат онолку ученици колку што средства ќе одвои Министерството за финансии. Доколку нема дополнително запишани ученици, тоа нема да биде одговорност на општина Центар“, рече Жерновски, очекувајќи дека ќе се најде заеднички јазик. Советниците дадоа поддршка на акциониот план за енергетска ефикасност за периодот од 2014-2016та година, кварталниот извештај на ЈП за Јавни Паркиралишта – Паркинзи на општина Центар и го верификуваа мандатот на новиот советник во општината Елена Петковска.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




