Добивај вести на Viber
Обука за невработени деновиве добиваат околу педесетина лица во соработка со Општината Илинден и претставници на компанијата Пекабеско. На обуката луѓето беа запознаени со начинот на кој се подготвуваат кратките биографии, како и потребната постапка при вработување. Ваквата успешна соработка со компаниите од општина Илинден, велат од локалната самоуправа, ќе продолжи и во иднина, со единствена цел да им се помогне на младите што побрзо да дојдат до вработување.