Општина Маврово и Ростуша добија заем од 8,2 милиони денари
Објавено во: Финансии 04 Декември, 2012
Со обезбедените финансии ќе се изврши рехабилитација и реконструкција на локалниот патен правец „Ростуше – Велебрдо“ и локалниот пат кон село Жировница од спојот со регионалниот пат Р-409. Патиштата се изградени пред повеќе од 20 години и се со оштетен асфалтен коловоз.
Со планираната реконструкција и рехабилитација на тие патишта ќе се овозможи полесен, побрз и поквалитетен пристап до општината, што ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на жителите во општина Маврово и Ростуша.
Реализацијата на проектот се очекува да придонесе за поквалитетно локално и регионално поврзување на жителите на општината, што ќе овозможи забрзан економски развој и зголемување на животниот стандард на населението. Дополнително ќе го подобри пристапот до туристичките локалитети, како и достапноста на туристичките услуги, во насока на промовирање и унапредување на развојот на туризмот во општината.
Условите на заемот се исклучително поволни, каматна стапка од шетсемесечен ЛИБОР (која во моментно изнесува 0,9 проценти) и рок на отплата од 13 години со вклучен грејс период од 3 години.
Финансиите се дел од „Проектот за подобрување на општински услуги“ со кој Владата на Република Македонија од Светска банка обезбеди 50 милиони долари за помош на општините. Досега во рамки на проектот се склучени 27 договори со 25 општини.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.