Добивај вести на Viber
Општина Центар утре ќе го затвори градилиштето на ул. 8-ма Ударна Бригада, каде што фирмата “НАСТЕЛ“ на бизнисменот Зоран Азманов, пред неколку години ископа градежна јама со цел да гради хотел.
Улицата 8-ма Ударна Бригада, каде што се наоѓа италијанската амбасада, е пропадната, отворена е дупка поради градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште.
Општина Центар ќе му наложи на инвеститорот НАСТЕЛ да изработи елаборат за обезбедување на градежната јама.
Согласно Законот за градење, фирмата ќе биде казнета со глоба од 2000-4000 евра и 1000-2000 евра за одговорното лице.
Улицата 8-ма Ударна Бригада беше целосно реконструирана пред нецела година, но веднаш беше забележано дека има опасност од поткопување на улицата и оголување на инсталациите, бидејќи веднаш до улицата, Азманов има добиено дозвола за изградба на хотел, за што веќе неколку години стои ископана огромна дупка длабока неколку метри.
За опасноста од свлечиштето, за оголената инсталација и опасноста за возила и пешаци, неколку пати во текот на минатата година надлежните го известуваа бизнисменот Азманов, кој ветуваше дека ќе го реши проблемот.