05 Декември, 2025
0.2893

Општините бараат измени на Законот за финансиска дисциплина

Објавено во: Финансии 13 Јули, 2014 11:57

Добивај вести на Viber

Единиците на локална самоуправа во Македонија поднесоа иницијатива за измена на Законот за финансиска дисциплина, кој важи едвај два месеца, пишува Дојче веле. На средба со претставници на Министерството за финансии, општините се пожалиле на неможноста за примена на овој закон во работењето на училиштата, градинките, домовите за стари лица и објекти од културата, кои се финансираат со блок дотации. Потоа било укажано на проблемот со блокираните сметки на повеќе општини, прашањето за плаќање на средствата кои општините ги имаат во делот за експропријација, како и прашањата во врска со групните јавни набавки, кои ги спроведуваат општините. Претставниците на општините нагласуваат дека особен проблем ќе претставуваат старите долгови, кои не подлежат на одредбите на овој Закон, а кои не ќе можат да се платат, имајќи ги роковите за плаќање на новите обврски. Во информација од седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС, објавена на веб – страницата на оваа асоцијација, се наведува: „Претставниците на локалните власти сите конкретни предлози ги упатија до ресорното министерство, од кое сега се очекува одговор. Министерството за финансии веќе ги согледало нелогичностите, поради што ќе се пристапи кон одредени измени на законот“. „Законот за фискална дисциплина ќе биде употреблив, ако се подобри фискалната децентрализација, ако се зголеми процентот на приходи на општините, како што е тоа во повеќе земји во Југоисточна Европа. Со овие приходи што ги имаме како општини ние не можеме да бидеме ставени во една дисциплинирана ситуација да имаме редовни и регуларни плаќања кон добавувачите. Крајна резултанта од овој закон ќе биде да не може да се остварува развојна програма, да немаме инвестиции и да нема подобрување на животот на граѓаните“, вели кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски. Наспроти ова, градоначалникот на Желино Фатмир Изаири смета дека се работи за добро законско решение. „Општина Желино сега се наоѓа во подобра финансиска состојба. Законот за финансиска дисциплина е добар и јас го поддржувам, бидејќи не дозволува општините да направат, на пример, непредвидени инвестиции, односно да заглавуваат во натамошните развојни чекори. Јас го поддржувам законот и поради тоа што тој не дозволува општините да натрупуваат нови долгови, само колку да реализираат некој проект“, вели тој за Дојче веле. Од Министерството за финансии не одговориле дали законот ќе се менува и во кој дел, односно дали ќе се прифатат забелешките на општините.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката