02 Декември, 2024
0.0930

ОПШТИНИТЕ НЕ УСПЕАЈА ДА ИЗДАДАТ ОБВРЗНИЦИ – дали ќе им тргне од рака со новата власт

Објавено во: Финансии 04 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Комисија за хартии од вредност во последниот годишен извештај објави дека во текот на минатата година во земјава функционирале вкупно 5 друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кои управуваат со 22 отворени инвестициски фондови.

-  Вкупната нето вредност на средствата на отворените инвестициски фондови со кои управувале друштавата на крајот на 2023 година изнесувала 13.449.745.391 денари, што во однос на 2022 година е зголемување од 21,75 отсто на годишно ниво или 39,07 милиони евра.  За период од пет години или крајот на 2019 година има раст од 55,89 проценти, или 78,41 милиони евра – соопштуваат од Комисијата за хартии од вредност.

Од комисијата објавија дека во текот на минатата година на примарниот пазар на капитал доминираа емисии на сопственички хартии од вредност или акции. Во однос на должничките хартии од вредност, општина Штип и општина Аеродром иако добија од Комисијата одобрение за издавање на општински обврзници, истите не ги реализираа, бидејќи општините согласно Законот за јавен долг не добија одобрување и од Владата, па не се реализираа.

Укажуваат оти во текот на минатата година вкупната вредност на одобрени емисии на акции изнесувала 3.724.694.177 денари или 60.441.472,48 евра. Притоа нагласуваат дека одобрениот износ на емисии на акции во 2023 година бележи намалување за 28,74 отсто во однос на 2022 година, или за 27,99 проценти во споредба со 2021 година. Од друга страна има зголемување за 73,17 отсто во однос на 2020 година и за 20,15 проценти во однос на 2019 година.

Притоа во текот на минатата година најголем дел од друштвата кои се јавиле како издавачи на акции се од секторот финансии и тоа осум друштва, и уште две друштва се друштва од областа на стопанството. Од секторот финансии две се банки, три се друштва за осгирување, две друштва за управување со пензиски фондови и една брокреска куќа.

Притоа податоците на Комисијата за хартии од вреднсот откриваат дека најголем дел од вредноста на издадените акции оптаѓа на банките и другите друштва од финансискиот сектор.

Исто така може да се забележи дека во 2019 по бројност акционерските друштва од областа на стопанството издавале повеќе акции, но вредноста на издадените акции секогаш е поголема кај банките и друштвата од финансискиот сектор. Од 2020 година и по бројност и по вредност доминираат акциите издадени од банките и друштвата од финансискиот сектор.

Од Комисијата посочуваат дека минатата година и беше издадено одобрение на Универзална Инвестициона Банка за издавање на долгорчни хартии од вредност по пат на приватна понуда – трета емисија на 1.350 перпетуални обврзници со поединечна номинална вреднсот од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 1.350.000 евра. Притоа посочуваат дека продажната цена на овие обврзници беше еднаква на номиналната. Овој инструмент се користи како додатен основен капитал на банката, а средствата од емисијата се наменети за корпоративни цели.

Од комисијата укажуваат дека овој инструмет до сега го има користено само УНИ Банка, на која во 2022 година и беше издадена одобрение за втора емисија од 2.500 перпетуални обврзници со поединечна вредност од 1.000 евра. Овој тип на обврзници за прв пат е издаден во Македонија во 2019 година и тоа од страна на УНИ Банка, кога всушност издаде обврзници во врднсот од 5 милиони евра. 

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!