Орце Георгиевски по уривањето на потпорниот ѕид: Тие што го изведувале треба да одговараат
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2022 19:15
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Георгиевски, во вестите на Сител рече дека изведувачите на потпорниот ѕид, кој денеска попушти пред свлечиште на булеварот Борис Трајковски, треба да понесат одговорност, бидејќи покрај материјалната штета, можело да има и човечки жртви.
„Наше е да го обезбедиме овој потег, беше и МВР на увид и направија записник., Известени се сограѓаните од горниот дел на булеварот да ги преместат возилата. До вечер ќе се обезбеди целиот овој потег и да се внимава кога се вози од Драчево кон Центар.
Ќе се изготви проект за санација и ќе се направи ревизија како е граден потпорниот ѕид. Ќе се испита целата состојба со оваа градба, но сведоци сме дека многупати се случувале и трагедии и ќе ги испитаме сите потпорни ѕидови на територијата на општината. Тие што ги изведувале овие активности, треба да одговараат, бидејќи народот плаќа а можело да има и жртви. Ние посериозно ќе се позанимаваме со ова прашање“, рече Георгиевски.
На булеварот ,,Борис Трајковски” во населбата Пинтија, поради силното невреме кое го зафати овој дел на општината, падна голем потпорен ѕид кој е под надлежност на градот Скопје.
„Во наредните денови, сето ова ќе биде вратено не во првобитната состојба, туку во уште подобрена за да не ни се случуваат повеќе вакви работи и да го нарушуваат мирот, но и безбедноста на граѓаните.
Исто така, ги повикувам органите на правдата детално да го испитаат начинот на кој се градени потпорните ѕидови“ напиша претходно градоначалникот на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра




