Добивај вести на Viber
Од денот кога почнавме со работа на двата аеродрома во Македонија имаме постојан раст на бројот на патници со околу 14% секоја година, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Мурат Орнекол во интервју за Mарили. Според директорот, само во октомври 2012 година, споредено со истиот месец претходната година, бројот на патници на двата аеродроми е зголемен за 9%.
Орнекол во интервјуто информира дека со реновирањето на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид по нивното преземање од ТАВ, од Скопје летаат 37, а од Охрид 31 редовна или чартер компанија со свои летови.
„Можам да укажам дека по дваесет години Охридскиот аеродром почна да станува привлечен туристички центар за граѓаните на државите на Бенелукс“ - вели тој. Во однос на новите летови, Орнекол вели дека веќе се најавени нови дестинации и нови авиокомпании кои ќе летаат од Скопскиот аеродром.
„Од 22 октомври 2012 година „ФлајДубаи“ почна со работа од Дубаи кон Скопје со два лета неделно, по што следеше „ВизЕр“ со шест нови дестинации и тоа Малме, Базел, Минхен, Милано, Ајндховен, и Дотрмунд. Кон секоја од овие дестинации од 28 октомври 2012 година има по два лета неделно“ – кажува во интервјуто директорот на ТАВ Македонија.