19 Декември, 2025
0.0868

ОСИГУРАЈ ГО ДОМОТ ЗА НУЛА ДЕНАРИ! „ФЛЕКС БРОКЕР“, НОВ СЕРИОЗЕН ИГРАЧ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2024 16:08

Добивај вести на Viber

Почнува со работа „Флекс брокер“, осигурително брокерско друштво кое на пазарот ќе понуди конкурентни пакети за осигурување. „Флекс брокер“ е дел од групацијата „Флекс“, во која покрај финансиското друштво „Флекс кредит“ од неодамна се вклучи ибрендот „Земи пари“, кој успешно ја развива својата приказна. „Флекс брокер“ заедно со Националната агенција за наплата - НАН, која започна со работа исто така неодамна, се најновиот дел од групацијата за кој менаџментот има силни заложби и планови за развој. НАН е иновативен и ефикасен партнер во процесите на наплата и управување со долгови.

Според сосопственикот нагрупацијата „Флекс“, Горан Арсов,„Флекс брокер“,новиот осигурителен субјект на пазарот на осигурување ќе се обиде да се наметне како значајна компанија, секако поради широкиот спектар на услуги што ќе ги понуди, но и поради нивната уникатност и конкурентност.

„Граѓаните ќе имаат можност за избор на низа осигурителни продукти кои треба да ја зајакнат оваа индустрија, која во земјава има голем потенцијал за раст. Како прв човек на брендот ‘Флекс’ во земјава, сакам да кажам дека избравме бројни професионалци, кои ќе раководат со ‘Флекс брокер’, луѓе со големо искуство и познавање“, вели Горан Арсов, сосопственик на групацијата „Флекс“.  

Во палетата осигурувања што се нудат, граѓаните имаат уникатна опција за избор на осигурување на домот, за што се креирани и посебни пакети. Она што е ексклузивно е што осигурувањето е бесплатно за првата година, додека за втората и третата година се плаќа преддефинирана сума според квадратурата на домот. Опција плус е што со договорот се добива можност за сериозен партнер за осигурување на возилото.

Според директорот на продажба во „Флекс брокер“, Александар Атески, брокерското друштво на пазарот ќе се разликува од другите по својот уникатен пристап кон клиентите, како и по лесната достапност на секој поединец до сите понуди. 

„Нашата цел со ‘Флекс брокер’ е да го направиме процесот на осигурување поедноставен, поблиску до граѓаните и бизнисите и да понудиме решенија што ќе ги задоволат специфичните потреби на нашите клиенти. Со широка палета на услуги, опфаќајќи сè од животно осигурување, осигурување на имот и автомобили, па до осигурување за мали и средни претпријатија, ќе бидеме подготвени да обезбедиме врвна услуга за секого“, вели Атески.

Во стандардниот пакет се обезбедува осигурување од пожар, удар од гром, но и други временски неприлики – луња и град, како и паѓање на воздушни летала, манифестација и излевање вода од водоводни и канализациски инсталации и уреди од топловодни инсталации. Во стандардниот пакет се добива осигурување и за поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земја, кршење на стакло на прозорците и вратите на станбениот објект.

Во премиум-пакетот се вклучени и дополнителни штети, а тоа се: излевање вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање од дрво, вандализам, кршење стакла на застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна преселба, трошоци за повторно изработување на уништени документи, трошоци за промена на брава и изработка на нови клучеви, во случај на изгубени или заклучени клучеви.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција