24 Ноември, 2024
0.0259

Осигурување Македонија со добивка од 1,38 милиони евра

Објавено во: Финансии 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

„Осигурување Македонија“ лани оствари добивка од 1,38 милиони евра. Досега е втора според успех од пет осигурителни компании кои објавија податоци за работењето лани. Од нив три годината ја завршиле со добивка, а две со загуба. Останува уште 6 компании за осигурување да ги објават податоците за работењето лани. Засега најуспешна е „Осигурителна полиса“ со добивка од 1,57 милиони евра.

„Осигурување Македонија“ е наследник на најголемата државна осигурителна компанија ЗОИЛ „Македонија“ (која по приватизацијата беше превземена од КЈУБИ која потоа ја продаде на ВИГ н.з.) и важи за компанија расадник на специјалисти за осигурување (што е логично со оглед на тоа дека неколку децении била монопол во дејноста н.з.). Лани оваа осигурителна компанија оствари добивка од 1,38 милиони евра што е на ниво од 2018 година.
Лани оваа компанија остварила вкупен приход од 13,45 милиони евра што е за 3,6 отсто послаб резултат од 2018 година. Но тоа не било проблем компанијата да ги зголеми нето приходите од заработена премија за 3,6 отсто во споредба со 2018 година до ниво од 9,9 милиони евра.
Во структурата на осигурувањето најзастени се осигурувањето на имот (вклучително пожар и останато), осигурувањето на моторни возила и одговорности од моторни возила како и осигурувањето од незгоди. Нето износите на заработена премија од осигурување на имот изнесувале 3,9 милиони евра, од одговорност од употреба на моторни возила нето се инкасирани 2,4 милиони евра, од осигурување од незгоди 1,47 милиони евра и од осигурување моторни возила 1,13 милиони евра.

Вкупните расходи на друштвото лани изнесувале 11,88 милиони евра, а најголема групна ставка во расходната структура се трошоците за спроведување на осигурување и тие изнесувале 6,98 милиони евра. Износот на бруто исплатени штети лани изнесува 4,6 милиони евра, а нето надоместоците за штети биле 3,24 милиони евра. Најголемата штета што компанијата ја исплатила лани изнесувала 198.400 евра и е од областа на ризик од куса врска.

Компанијата има бруто технички резерви во износ од 11,07 милиони евра.

Според официјалните податоци „Осигурување Македонија“ во депозити чува 11,83 милиони евра и тоа е за 12 отсто помалку од парите што ги чувала во депозити на крајот на 2018 година. За сметка на тоа се удвоени вложувањата во државни хартии од вредност и на крај на 2019 година изнесуваат 5,46 милиони евра. Вредноста на вложувањата во акции и удели изнесува 1 милиони евра и во споредба со лани е зголемена за 27 отсто.

„Осигурување Македонија“ планира да подели и 714.000 евра дивиденда во бруто износ, објави компанијата предлог одлука која ќе се најде на дневен ред на претстојното акционерско собрание што ќе се одржи на 29 мај годинава. Дивидендата по акција изнесува 1 евро во бруто износ и нејзината поделба е извесна со оглед на тоа дека австриската осигурителна компанија „Виена Иншуранс Груп“ е акционер што поседува 94,3 отсто од акциите со право на глас.

Предлогот предвидува повеќе од половината од добивката што друштвото ја оствари лани да се исплати како дивиденда, а од остатокот во резерви за сигурност ќе се префрлат 450.000 евра и 208.000 евра остануваат нераспределени средства.

Р.Ф.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?