Ослободен пратеникот од екстремистичката партија „Златна зора“
Објавено во: Балкан 07 Март, 2015 19:40
Судот во Атина ги отфрли сите обвиненија против скандалозниот пратеник од десничарската екстремистичка партија „Златна зора“ Елиас Касидиарис.
Против него беше покренато обвинение за напад врз двајца политички противници.
За време на телевизиската дебата во 2012 година Касидиарис нападна две жени во студиото. Според судот тој не им нанел „тешки телесни повреди“, како што се вели во обвинението. За време на дебатата пратеникот и удрил шамар на претставничката на комунистичката партија, а против друга жена од „Сириза“ тој фрли чаша со вода, потсетуваат грчките агенции.
Касидиарис, заедно со уште неколку пратеници од „Златна зора“, се наоѓаат во притвор. Сите тие се обвинети за учество и водење на криминална организација.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




