Османи: Референдум за Договорот со Бугарија не може да има
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2022 20:07
Договорот со Бугарија не може да се поништи, вели министертот за надворешни работи, Бујар Османи.
Тој во гостувањето во ТВ Сител говореше за Договорот со Бугарија и со Грција, притоа потенцирајќи дека не можат да бидат предмет на промена или бришење.
„Референдум за Договорот со Бугарија не може да има. Тој само ја префрлува обврската на граѓаните. Со референдум за Договорот со добрососедство, се руши и Охридскиот договор. Тоа покренува лавина. Тој е меѓународен договор и не може да биде поништен, ниту треба да има. Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија се трите столбови на Македонија. Не можете да ги тргнете“, вели Османи.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе инцијатива за референдум за Договорот со Бугарија, но спикерот Талат Џафери ја отфрли.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




