Основачот на Алибаба падна на трето место на најбогати Кинези
Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2015 19:42
Основачот на Алибаба Џек Ма повеќе не е најбогатиот Кинез, а тронот му го превзеде бизнисмен од секторот на енергетиката, Ли Хејун чиј имот се проценува на 26 милијарди долари, покажува истражувањето на кинескиот магазин Хурун.
Според листата на овој магазин на најбогати луѓе во светот за 2015 година, богатството на Ли Хејун, основачот и директор на кинеската енергетска компанија „Енерџи Холдинг Груп“ речиси тројно се зголемени за година дена, така да тој сега е најбогатиот човек во Кина и 28 во светот.
Титулата најбогат Кинез минатата година ја понесе сопственикот на Алибаба, откако неговата компанија во семтември ја заврши првата иницијална јавна понуда на акции на Њујоршката берза во вредност од 25 милијарди долари.
Според овогодинешната листа на Хурун, Ма паднал на трето место во Кина, со богатство од 24,5 милијарди долари, а на второ место е кинескиот милијардер Ванх Јианлин, претприемач во обаста на недвижности и сопстевник на Ванда групата, со богатство од 25 милијарди долари.
Компанијата на најбогатиот човек во Кина, „Енерци Груп“ е основана во 1994 година, соработува во хидроенергетскиот сектор и во секторот на соларната и огноенергијата.
Бил Гејтс, коосновачот на технолошкиот гигант Мајкрософт, се задржал на позицијата најбогат човек на светот со проценето богатство од 85 милијарди долари, а го следат мексиканскиот тајкун Карлос Слим (83 милијарди долари) и американскиот милијардер Варен Буфет (76 милијарди долари) , се наведува во извештајот на Хурун магазинот.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




