„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2024
Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада, реагираат денеска од опозициската СДСМ по пресконференцијата на премиерот.
- Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација.
Денес, администрацијата е претворена акционерско друштво за вработување на партиските кадри.
Наместо компетентни и професионални кадри за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, а од квалификации поседуваат само партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ - се нагласува во соопштението од СДСМ испратено до медиумите.
Дополнуваат дека „досега видовме систематско прекршување на процедурите, поставување на три заменици директори во Царина, поставување на директор на АНБ спротивно на законот, поставување на раководители без соодветни квалификации“. Потоа додаваат дека јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност.
- Како може Владата, која отворено игнорира закони и критериуми за назначување кадри, да ветува „вреднување на трудот“?
Мицкоски треба да престане со манипулациите и партизирањето. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Наместо празни зборови на конференции, потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.
Граѓаните заслужуваат ефикасна, професионална и независна администрација. Во лагите на Мицкоски не верува никој - се нагалсува на крајот од соопштението на СДСМ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.