ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА ПРЕД ПАНДЕМИЈАТА: Aрмија невработени поради вирусот се во „статус кво“ позиција
Објавено во: Економија, Корона Вирус 10 Јуни, 2020
Голем број македонски граѓани кои останале без работа во периодот пред пандемијата, сега поради кризата, не можат да најдат нова работа затоа што повеќето фирми отпуштаат работници.
Додека чекаат да заврши корона кризата и состојбата да се врати во нормала, најверојатно ќе поминат месеци. Пандемијата во многу сектори го попречи работниот процес, а во меѓувреме, невработените остануваат без егзистенција.
„Останав без работа пред Нова година, по што почнав по празниците да барам нова работа, но не успеав да најдам ангажман. Потоа се појавија и првите случаи на заразени со коронавирусот, по што иако пратив своја биографија во многу фирми, не добив повратен одговор. Ситуацијата почнува да ме плаши, затоа што навистина е тешко подолго време да се издржи без работа“, раскажува 37 годишна кумановка.
Бројни се ваквите примери на луѓето кои бараат работа, но засега без резултат.
„Син ми и снаа ми останаа без работа. Сега работат, но не се пријавени, туку земаат само дневница. Како можеме така да живееме? Ќерка ми работи, но добива 70 отсто од платата. Има многу луѓе кои ги познавам, а останаа без работа и сега седат дома“, вели Лепа Димитриевска, граѓанка.
Граѓаните не се оптимисти дека овие луѓе брзо ќе најдат работа, затоа што патот до вработување често пати е долг и мачен.
„Има доста луѓе кои се без работа, и пред, и по короната. Син ми не работи. Многу е тешко. Беше тешко и претходно, и сега е исто така тешко. Не неколку месеци, туку неколку години ќе чекаат за да најдат работа“, изјави Јелена Ајредини, граѓанка.
Донка Спасовска, сопственичка на агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“ објаснува дека од повеќе фактори ќе зависи колку брзо ќе успеат невработените да пронајдат нова работа.
„Клучна улога има возраста, образованието и секако работното искуство. Побарување на кадри има, но најчесто ги ограничуваат со возраста максимум до 40 години. Секогаш било така, на постарите им било потешко да најдат работа, но сега ќе биде полошо“, вели Спасовска.
На веб страницата на Агенцијата за вработување стои дека во државата има над 4.500 отворени огласи. Најчесто се бараат продавачи, келнери, хигиеничари, општи работници, возачи, шанкери и друго.
Пандемијата со Ковид - 19 доведе до тоа да имаме зголемен број на невработени во Македонија. Во април, без работа биле 114.762 луѓе, а во март таа бројка изнесувала 107.732.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.