05 Декември, 2025
0.3803

ОСТРОВ ОД БАЈКИТЕ НУДИ КУЌА И 18 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ВСЕЛУВАЊЕ: Еве ги условите и што треба да исполните

Објавено во: Финансии 11 Декември, 2024 06:00

Добивај вести на Viber

Напуштањето на руралните средини и островите во многу земји веќе некое време е сериозен демографски проблем, па стимулациите како што се куќите за 1 евро и надоместоците за преселба веќе не се таква новина.

Последната понуда од ваков вид доаѓа од прекрасниот грчки остров, лоциран во Егејското Море, кој страда од недостаток на млади семејства.

Ако сакате да ја напуштите гужвата и вревата на напорниот живот во голем град и да ја замените со тиркизното море и снежно-белите куќи во населба на малиот остров Антикитера, за првите три години ќе добиете 500 евра компензација, или вкупно 18.000 евра.

Живот без стрес на рајски остров

Островот Антикитера се наоѓа во Егејското Море, помеѓу Крит и Пелопонез.

Таму ќе ве пречекаат плажи како разгледници и поглед на синото море. Островот има и многу ридови, плажи и пештери за истражување. Никогаш нема гужва, а смогот и аерозагадувањето речиси и да ги нема. Климата на островот е пријатна, а животот е мирен и без стрес.

Но, што е тогаш „уловот“?

Некогаш на овој остров живееле 300 луѓе, а денес бројката паднала на само 24 постојани жители. Во летните месеци бројката се искачува на околу 40, пишува The Travel.

Просечната возраст на жителите е 50 години, па логично им недостигаат млади семејства, бебиња и деца бидејќи речиси и да ги нема.

Затоа Грчката православна црква Китера ја започна оваа програма, но секако, има низа услови и критериуми кои заинтересираните мора да ги исполнат.

Условите се строги, шанса добиваат 5 семејства

Понудата се однесува на пет семејства во кои мора да има најмалку четири деца.

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат некои специфични вештини и занаети, како пекарство или риболов, односно оние од кои заедницата Антикитера може да има корист и кои ќе придонесат за квалитетот на животот.

Куќите во кои ќе живеат избраните семејства се уште не се изградени, се уште се во фаза на планирање, па нема појасни информации за видот на сместувањето на семејствата.

Исто така, не е јасно наведено дали новите жители на островот стануваат сопственици на имотот или само ќе го користат.

Кои се недостатоците да се живее на ваков остров?

Дури и ако исполнувате посебни услови за да се квалификувате за платено преселување, живеењето на овој остров има некои недостатоци. Тие обично се однесуваат на сите острови кои се подалеку од копното.

Како прво, островот е оддалечен, па пристапот до културни содржини, медицинска нега, образование или деловни можности е доста тежок.

До него секој ден сообраќа траект од Китера, а патувањето трае околу два часа. Има и врска со Крит и Атина, но тие линии се поретки и помалку сигурни.

Островот, пак, има мал аеродром, од кој авионите повремено летаат само до Атина, па не сте целосно отсечени од светот.

еуправозато

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката