Осуден пар за педофилија, мајка вршела онлајн проституција на својот син
Објавено во: Балкан 08 Август, 2018
Судот во југозападна Германија осуди пар кој преку интернет нудел дете на педофили. Жената Берин Т. (48) е осудена на 14,5 години затвор, а нејзиниот партнер Кристијан Л. (39) е осуден на 13,5 години затвор. Тие признале дека, не само што го нуделе момчето на многу клиенти, туку дека и самите го злоставувале.
Во замена за илјада евра деветгодишното момче во текот на две години било злоставувано од странци и локални луѓе.
Судот исто така приведе уште осум лица, а тројца Германци, еден Швајцарец и еден шпански државјанин се осудени на казна затвор од осум до десет години.
Ова е најстрашниот случај на злоставување на дете, кој се случувал во градот Штауфен.
На интернет се појавија и видео снимки, а на некои од нив се гледа врзано момче со маска на лице