14 Мај, 2024
0.0253

ОТЧЕТ ЗА ЈАВНИОТ ДОЛГ: Колку пари се задолжила Владата лани?

Објавено во: Финансии 18 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Сите обврски по основ на државен и јавен долг кои достасале за исплата во 2014 година биле редовно и навремено сервисирани од страна на Министерството за финансии, се посочува во новиот годишен Извештај за управување на јавните финансии кој е доставен на усвојување во Собранието. Лани, на домашен терен државата спровела 162 аукции на државни хартии од вредност преку кои се задолжила 894 милиони евра. Во годишниот отчет, ресорното министерство посочува дека Македонија и со ланските стапки на јавен и на државен долг останува во зоната на умерена задолженост. Половина милијарда евра – нов надворешен долг... Според Годишниот извештај за менаџирање на јавниот долг, лани државата за отплата на обврските по основ на јавниот долг, во кој се вклучени државниот долг и гарантираниот долг на јавните претпријатија, потрошила вкупно 330,02 милиона евра од кои 236,85 милиони евра за отплата на главницата и 93,17 милиони евра за отплата на каматата. “Јавниот долг на Република Македонија, кој го вклучува државниот долг и гарантираниот јавен долг, на крајот на 2014 година изнесува 3.921,3 милиони евра што претставува 46,0% во однос на БДП. Надворешниот јавен долг изнесува 2.725,1 милиони евра, додека внатрешниот јавен долг изнесува 1.196,2 милиони евра“, се вели во годишниот извештај. Министерството за финансии посочува дека државниот долг на крајот на 2014 година изнесувал 3,2 милијарди евра односно 38,2% во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, според ресорното министерство, земјава и понатаму останува умерено задолжена, со, како што се вели во извештајот, државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ. Сепак во економската 2014 та година, се забележува значаен пораст на надворешната задолженост. Практично, лани државата на меѓународниот финансиски пазар се задолжи со 500 милиони евра пред продажба на нова Еврообврзница. Парите од ова задолжувње, според наведеното во отчетот, завршиле за финасирање на тековните буџетски трошења, односно за крпење на буџетскиот дефицит. “Надворешниот државен долг се зголеми за 494,6 милиони евра во однос на 2013 година и на крајот од 2014 година изнесува 2,1 милијарда евра. Зголемувањето се должи на емисијата на еврообврзница со која се обезбедија финансиски средства за финансирање на буџетскиот дефицит за 2014 и 2015 година“, стои во годишниот извештај. Внатрешниот државен долг пак на крајот од 2014 година изнесувал скоро 1,2 милијарди евра, со што бележи намалување за 3,8 милиони евра во однос на претходната година. Долговите во евра растат ... Во пакет со раст на надворешната задолженост, лани се зголемувале и долговите во девизи, односно во евра. И натаму во структурата на државниот долг, доминираат задолжувањата во евра. “Од аспект на валутната структура на државниот долг, на крајот на 2014 година доминантно учество има долгот деноминиран во евра кој учествува со 63,0% во вкупното портфолио и е зголемен за 4,8 процентни поени во однос на 2013 година, додека долгот во домашна валута во истиот период се зголемува за 0,4 п.п, односно од 21,9% на 22,3%“, се посочува во извештајот. Во рамки на портфолиото на државниот долг во странска валута, пак, учеството на долгот во евра на крајот на 2014 година изнесувал 81,0%. Во исто време, Владата го зголемила долгот со фиксна каматна стапка, кој во структура на државниот долг се зголемил за 12,7 процентни поени во споредба со 2013 година и на карјот од ланската година изнесувал 67,3%. “Ова зголемување на долгот со фиксна камата пред сѐ се должи на издадената еврообврзница која е со фиксна каматна стапка, како и зголемувањето на издадените долгорочни државни обврзници на домашниот пазар на хартии од вредност“, посочкува Министерството за финансии. Лани, на домашен терен биле спроведени 162 аукции на државни хартии од вредност преку кои Владата се задолжила 894 милиони евра. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!