Отец Ивица Тодоров против СОРОС - Се води духовна борба
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017 14:45
Во борбата против СОРОС во Македонија се вклучија и црковни лица, па така отец Ивица секако од свое име, но како припадник на свештенството на МПЦ, упати жестоки критики кон невладините организации кои се помогнати финансиски од фондацијата Отворено општество.
- Целта е морална и генетска мутација, да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнење на духовните, менталните, интелектуалните и личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештвото. Тоа е процес на зомбирање, формирање на форми без суштина, личности без Богоцентричен светоглед, а со препознатлив нихилистичко огревовен светоглед. Таквите “личности” се себецентрични, односно дрски егоисти и себеугодници. Како такви стануваат “топовско месо” на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се “фактор”, дека се’ им е дозволено и дека не постои грев и одговорност!, пишува Отец Ивица на својот профил.
Отец Ивица Тодоров од МПЦ смета дека СОРОС имаи друга деструктивна програма.
- Последната програма на оваа програма на Сорос, се разбира во целата оваа режија има и други деструктивни програми, а тоа е формирање на човештво БЕЗ ЧОВЕК, односно човештво БЕЗ ИДЕНТИТЕТ, односно човештво без СТАВ, ВРЕДНОСТ и ВИСТИНА.
Свештеникот смета дека СОРОС води духовна војна.
- Сето ова се случува затоа што во секоја човечка душа, ум, срце и волја одамна се води започната духовна војна која има за цел да го истисне од секој човек се’ она што му е дарувано од Творецот, од Небесниот Отец, а и да го истисне и сето она што му овозможува на секој човек да биде остварен човек, односно Богослично битие, не Сатанослично губре. Читајте Свето Писмо, читајте ја Библијата, и искрено, храбро и логички размислувајте, па се’ ќе ви стане јасно, пишува тој.
Отец Ивица е претседател на граѓанската организација “Движење за духовна обнова на Македонија”, а претходно бил ангажиран во хуманитарната организација на МПЦ “Ѓаконија” за помош и исхрана на сиромашните. Сега води емисија на Сител за духовни прашања.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




