16 Декември, 2025
0.0516

ОТКАКО ЛОВЕЛЕ НА ДИВО: Уапсени 12 ловџии по убиство од небрежност

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2025 14:00

Добивај вести на Viber

Кривична пријава против едно лице за „убиство од небрежност“ во село Габревци (Конче), а против повеќе лица ќе биде поднесена пријава за „незаконит лов“, откако смртоносно бил застрелан нивен познаник кој исто така ловел на диво.

- На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.Б.(40) од село Габревци, Љ.М.(64) од село Долни Липовиќ, М.Д.(50) од село Габревци, В.Р.(52) од село Ракитец, М.М.(67) од село Ракитец, С.Р.(34) од село Ракитец, Г.Р.(69) од село Ракитец, В.И.(48) од село Ракитец, В.Н.(72) од село Долни Липовиќ, Г.К.(51) од село Дедино и Ј.Б.(47) од село Габревци, сите во општина Конче. Лишените од слобода, заедно со Ј.П.(46) од село Ракитец, општина Конче, на 10.11.2025 во атар на с. Габревци биле во лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи за лов.

За време на ловот, во еден момент М.Б. од својата ловечка пушка од небрежност испукал еден истрел и го погодил Ј.П. во пределот на стомакот и раката, по што М.Ј. и Љ.М. го качиле повредениот во патничко возило и тргнале кон Итна медицинска помош Радовиш. По пат ја известиле Итната медицинска помош и на место викано „Дедински Чаири", атар на село Дедино, се сретнале со возилото на итната помош, каде што лекар констатирал смрт кај Ј.П..,објави МВР.

Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на ОВР Радовиш. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Од сите инволвирани се одземени ловечки пушки и муниција, а ловечка пушка и муниција се одземени и при претрес на домот на М.Б., извршен со судска наредба.

М.Б., Љ.М. и Г.К. се задржани во Полициската станица Радовиш, а во текот на денот против М.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“.

Додека, по целосно документирање на случајот против М.Б., Љ.М., М.Д., В.Р., М.М., С.Р., Г.Р., В.И., В.Н., Г.К. и Ј.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „незаконит лов“ по член 228, а против Ј.Б. ќе биде поднесена и кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот закон.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“