Откажани летови: Започна најголемиот штрајк во историјата на „Рајанер“
Објавено во: Свет 10 Август, 2018
Денес пилотите на најголемиот европски авионскиот превозник „Рајанер“, започнаа со најголемиот штрајк во историјата на компанијата.
За таа цел околу 400 летови се откажани, а штрајкот првично е најавен дека ќе трае 24 часа. Во него се вклучени пилоти од Белгија, Шведска, Холандија, Ирска и Германија.
Со оваа одлука најпогодени се 55 илјади патници, најмногу од Германија, односно 42 илјади. Пилотите инсистираат на нов договори со поголеми плати и подобрување на работните услови.