17 Декември, 2025
0.1877

Откажани половина од летовите на „Луфтханза“

Објавено во: Свет 18 Март, 2015 14:44

Добивај вести на Viber

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска откажа околу 750 летови како последица на штрајкот на пилотите, кои започнаа дводневен прекин на работата поради долгорочниот спор со управата околу предвременото пензионирање, јавуваат германски медиуми.

Откажани се повеќе од половина од вкупно 1400 предвидени слетувања и полетувања на авионите на аеродромот во Франкфурт и Минхен, на кратки домашни и европски линии, што ќе погоди околу 80 000 патници, изјавил портпаролот на „Луфтханза“.

Летовите на „Луфтханзините“ ќерки „Германвингс“, „Јуровингс“, „Свис“и „Аустралиан ерлајнс“ не се погодени од штрајкот.

Синдикатот на пилотите на „Луфтханза“ најави дека штрајкот ќе биде на силиа и утре, па освен домашните и европските летови, ќе бидат погодени и прекуокеанските летови и транспортниот сообраќај.

Ова е 12-ти штрајк од април минатата година, организиран поради планот на администрацијата на авиокомпаниите да ги укине прописите според кои пилоти можат да се пензионираат на 55 години, а потоа да добијат и до 60 отсто од платата, додека не наполнат 65, кога според германскиот закон имаат право на пензионирање.

 

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави