23 Ноември, 2024
0.0347

ОТКАЖУВААТ ПАТУВАЊА: Хаосот со документите ги расипа плановите на граѓаните

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Хаосот со вадењето на лични документи на кои ќе стои новото име на државата Северна Македонија, ги расипа плановите на граѓаните и тие ги откажуваат патувањата. Од ова штети трпат граѓаните, но и туристичките агенции.

Граѓаните велат дека поради неажурноста на институциите испуштаат прилики да одат во странство.

„Во декември отидов во „Една точка за сите услуги“ да ми закажат термин за фотографирање на лични документи, но системот им беше паднат,  по што морав да вратам телефонски да си закажам. Едвај ги добив и ми закажаа за втората половина на февруари. Потоа, бев поканета на настан во регионот, но секако дека не тргнав на пат, затоа што рокот на документите истекува. Исто, на интернет видов можност за посета на семинар во Словенија, кој ќе се одржи месецов, но јас немам шанси да добијам документи дотогаш и не ни аплицирав. Навистина е разочарувачки, од луѓето имаше многу поплаки на социјалните мрежи дека чекаат долго за да се сликаат за документи“, вели наша соговорничка.

Од агенциите додаваат дека ова е голем удар за нив и за нивното работење.

„Секако дека настануваат проблеми. Резервациите ги процесуираме во странство и се прават плаќања. Странците не ги интересира дали нашите власти се способни да ни обезбедат основни средства за патување. Сите агенции се соочуваат со истото. Не само што луѓето откажуваат, нема ни интерес. После две години се враќаме како во ковид периодот. Исто е, само што сега нема од надвор влијание, туку од внатре проблем. И за 8 -ми Март нема реализација, ни за Веглиден, ни за 1-ви Мај. И луѓето дојдени од странство како ќе си одат? Многу тешка ситуација. Ние се надеваме дека ќе се стабилизира, нема да можеме да издржиме затворени уште едно лето, ако се надеваме само на август месец“, објаснува  Александар Чоневски од Игуана Травел од Скопје.

Истите проблеми ги чувствуваат и во внатрешноста.

„Имаме проблеми со патувањата. Тие што чекаат пасоши, не знаат кога ќе ги земат, несигурни се за претстојните патувања за празниците“, велат од Бран од Прилеп.

Од стапување на сила на Амандманот XXXIII на Уставот, на 12 февруари 2019 година, државата не смеела да издава документи со поранешното име, велат од Македонското здружение на млади правници. Од опозицијата бараат одговорност за проблемот со замена на личните документи. Иако првично беа упатувани апели да се заменат документите до средината на февруари, личните карти со „Република Македонија“ чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12 февруари и да се користат во земјава.  Вчера од Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски соопштија дека ќе поднесат кривична пријава против екс министерот Оливер Спасовски  и МВР за проблемите со издавањето на лични документи. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/pressfoto

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР