21 Декември, 2024
0.0310

ОТКРИЕНА 4 ДУПКА НА СЕВЕРЕН ТЕК? Европски разузнувачи тврдат дека виделе руски бродови кај местото каде што истекува гас

Објавено во: Свет 29 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Во понеделникот и вторникот, европските безбедносни претставници забележале бродови на руската морнарица во близина на местото на истекување на гас на гасоводите „Северен тек“, јавува Си-Ен-Ен. Како што се шпекулираше изминативе неколку дена, истекувањето на гас најверојатно е предизвикано од подводни експлозии.

Според двајца западни разузнавачи со кои разговараше Си-Ен-Ен, сè уште не е јасно дали руските бродови имале некаква врска со експлозиите, но тоа е една од многуте траги што ќе се истражат во текот на истрагата.

Руски подморници исто така беа забележани минатата недела недалеку од местото на истекување на гасоводот, изјави еден од разузнавачките извори.

Тројца американски функционери изјавија дека неколку дена по три одвоени и истовремени истекувања на гас во два цевководи, САД сè уште немаат темелно објаснување за тоа што се случило.

Руски бродови рутински оперираат во областа, истакна данскиот воен претставник, нагласувајќи дека присуството на воени бродови не мора да значи дека Русија ја предизвикала штетата. „Ги гледаме секоја недела. Руските активности во Балтичкото Море се интензивираа во последниве години. Тие често ја тестираат нашата будност – и на море и во воздух“, рече тој.

Пронајдена е и четвртата дупка

Сепак, новите информации фрлаат дополнителен сомнеж врз Русија, за која се верува дека е единствениот актер во регионот со способност и мотивација намерно да ги оштетува гасоводите.

И Данска и Шведска истражуваат, но допрва треба да се изврши увид на местото на самото истекување. Европски функционер рече дека во тек е проценка на данската влада и дека може да потрае и до две недели пред да започне вистинската истрага бидејќи притисокот во цевките го отежнува пристапот до местото на истекување.

Данска, која презеде доминантна улога во истрагата, постави зона на исклучување од пет наутички милји и зона на забранети летови од еден километар.

Во четвртокот наутро беше објавено дека шведските власти пронашле четврта дупка од која истекува гас. Портпаролката на крајбрежната стража изјави за шведскиот весник „Свенска дагбладет“ дека дупката во гасоводот била пронајдена претходно оваа недела.

„Две од четирите дупки се во шведската ексклузивна економска зона, додека другите две се во данската зона“, рече портпаролката Џени Ларсон.

Се почесто се наметнува тезата за „саботажа“ како причина за истекување на гас, пишува Јутарњи лист. Се чини дека хипотезата за случајни неуспеси што се случија во средата е отфрлена. Но, непознатиот метод што го користел наводниот сторител, односно кој е сторителот, поттикнува разни шпекулации.

Контролирана зона

Истекување гас се регистрирани на три места од понеделникот во Балтичкото Море, во водите кај данскиот остров Борнхолм меѓу јужниот дел на Шведска и Полска. Таа зона е строго надгледувана со децении.

Поранешниот Советски Сојуз беше познат по распоредувањето на своите подморници кои беа специјално модифицирани за да вршат диверзии на морското дно, независниот поморски аналитичар Х.И. Сатон на Твитер, но тие подморници се надвор од активна услуга. Од 2004 година, балтичките земји се во НАТО, но истекувањето се случи во меѓународните територијални води каде што секој може да плови.

„Денес руската морнарица ја има најголемата флота на шпионски подморници во светот. Нивната база е на Арктикот. Тие би биле способни да го оштетат гасоводот на Балтикот“, рече Сатон, но додаде дека оваа хипотеза е „малку веројатна.“

Комплексна саботажа

За ваква операција потребно е да се интервенира на длабочина од 70 метри. „Тешко е. Оштетувањето на два гасоводи под вода е работа од големи размери, па можно е државата да стои зад тоа“, вели Лион Хирт, професор во училиштето Херти во Берлин и тивко ја отфрли хипотезата дека се работи за терористички акт.

Компетентната армија знае како да го направи тоа. Зоната е „совршено погодна за џебни подморници“, според висок француски воен експерт, кој објаснува дека тоа можело да биде извршено од нуркачи обучени да поставуваат експлозиви или со користење на подморски дрон.

„Дронот тргнува од подморница која може да биде оддалечена неколку наутички милји од целта. Ја депонира својата мина за беспилотно летало, која се движи кон дното со брзина од десет јазли. Целта е неподвижна и затоа не е комплицирана“, објаснил експерт за France Presse.

Од друга страна, хипотезата за торпедо кое е корисно за подвижни цели е малку веројатна, според експертот.

Експлозијата била „со сила од неколку стотици килограми ТНТ“. Норвешкиот сеизмографски институт НОРСАР, кој е специјализиран за земјотреси и нуклеарни експлозии, процени дека силата на втората детонација била 700 килограми.

Никој не презеде одговорност

Владите се сомневаат во Москва, а Москва вели дека „сите хипотези се можни“ и потсетува дека гасот што истекува од гасоводот е во сопственост на Русија.

„Балтичкото море е затворено и прилично плитко, а секое движење е набљудувано и надгледувано од земјите што влегуваат во него и нивните бродови“, вели Џулијан Павлак од Универзитетот Хелмут Шмит во Хамбург. „Подморниците се способни тајно да распоредат борбени нуркачи“ и други подводни возила водени од далечина таму, рече тој, додавајќи дека ништо не е невозможно за војската добро обучена во тајни операции.

„Тоа се нарекува специјална поморска операција. Не е едноставна, но е изводлива“, рече неименуваниот француски експерт, додавајќи дека треба да биде „добро координирана и добро подготвена“.

Ќе биде потребно време за да се открие вистината, а некои експерти забележуваат дека истекувањето на гас е од корист за многу актери.

Кој е саботерот?

„Останува да се открие кој стои зад операцијата“, изјави друг неименуван воен извор за Economic Times и додаде дека „има земји кои имаат интерес тој гасовод никогаш повеќе да не профункционира“.

Покрај тоа, противниците на гасоводот Северен тек 2 се намножија во последните години, предводени од САД. Така, на 7 февруари, неполни три недели пред почетокот на војната, американскиот претседател Џо Бајден ја спомна можноста за „завршување“ на тој гасовод.

И на прашањето со кој метод САД може да се стави крај на инфраструктурата што е под контрола на германскиот сојузник, Бајден одговори: „Ако Русија нападне... верувајте ми кога велам дека ќе го затвориме гасоводот“.

Во вторникот, Полска, Норвешка и Данска свечено го пуштија во употреба стратешки важен гасовод што им овозможува на Полјаците и на Европејците да бидат понезависни од рускиот гас.

„Периодот на доминација на рускиот гас е при крај“, рече полскиот премиер Матеуш Морвиецки на инаугурацијата.

Сепак, Хирт смета дека „тешко е да се замисли некоја членка на НАТО да го прави ова, дури и оние кои се најкритичните кон проектите за рускиот гас“.

Засега аналитичарите се согласуваат дека истекувањето е поврзано со војната во Украина.Исто така, извесно е дека оштетените гасоводи вршат дополнителен притисок врз европската економија.

„Тоа е моќен потсетник за тоа колку е ранлива нашата енергетска инфраструктура“, рече Хирт, кој е повеќе наклонет кон идејата дека Русите стојат зад саботажата. „Ако ова е вистина, тогаш е доста загрижувачки. Во најмала рака, Русија (...) испраќа најјасен можен сигнал дека нема да испорачува гас во блиска иднина“.


Превземено од Kurir.rs/CNN/Ekonomik tymes

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СВЕДОЦИ НА НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ: Марко доби удар и ми исчезна од вид, беше ужасно, видовме крв на подот

СВЕДОЦИ НА НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ: Марко доби удар и ми исчезна од вид, беше ужасно, видовме крв на подот

БЕЗБЕДНОСНИ ИЗВОРИ: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист

БЕЗБЕДНОСНИ ИЗВОРИ: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист

(ВИДЕО) НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Aвтомобили влетаа во толпа луѓе на базар, има жртви

(ВИДЕО) НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Aвтомобили влетаа во толпа луѓе на базар, има жртви

СОПРУГАТА НА АСАД НЕ Е ЗАДОВОЛНА ОД ПРЕСТОЈОТ ВО МОСКВА: Планира да се разведе и да се врати во Лондон?

СОПРУГАТА НА АСАД НЕ Е ЗАДОВОЛНА ОД ПРЕСТОЈОТ ВО МОСКВА: Планира да се разведе и да се врати во Лондон?

TИЕ СЕ ЧЕТИРИПАТИ ПОБРОЈНИ ОД МОСАД: Кој стои зад ликвидацијата на рускиот генерал во Москва?

TИЕ СЕ ЧЕТИРИПАТИ ПОБРОЈНИ ОД МОСАД: Кој стои зад ликвидацијата на рускиот генерал во Москва?

MAСК: Само АФД може да ја спаси Германија

MAСК: Само АФД може да ја спаси Германија

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ДВЕ СЕЛА: Постои опасност да бидат опколени

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ДВЕ СЕЛА: Постои опасност да бидат опколени

КАКВА Е ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА КРАЛОТ ЧАРЛС? Ќе продолжи со лекување и во новата година

КАКВА Е ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА КРАЛОТ ЧАРЛС? Ќе продолжи со лекување и во новата година

БАЈДЕН СЕНИЛЕН ЈА ВОДЕЛ НАЈМОЌНАТА ДРЖАВА? Волстрит журнал откри скандалозни детали за претседателот во заминување

БАЈДЕН СЕНИЛЕН ЈА ВОДЕЛ НАЈМОЌНАТА ДРЖАВА? Волстрит журнал откри скандалозни детали за претседателот во заминување