Отворен новиот административно-деловен комплекс на Жито Маркети и групацијата компании
Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2022 12:10
Жито Маркети свечено го отворија стопанскиот комплекс кој официјално станува нов дом на групата сестрински компании поврзани со овој национален малопродажен синџир.Админстративно-деловната зграда е лоцирана во непосредба близина на Велес, а во неа ќе функционираат стотина вработени од Жито Маркети и од партнерските компании и брендови. Во фокусот на деловното работење, освен малопродажбата, се и генерирањето, производството и промоцијатата на сопствените, но и на други приватни брендови.
Целиот објект е со површина од околу 4.200 м², проектиран е и граден по највисоките стандарди за згради од ваков карактер и е целосно енергетско-ефикасен.
“Генералната идеја беше на едно место да се интегрираат сите сестрински компании и брендови, како и сите меѓусебни процеси. Меѓутоа, не само од организациски, просторен, работен или од финансиски аспект. Туку и од аспект на креирање на што е можно подобра работна инфраструктура, опрема, можности за сите коишто ќе работат тука да се чувствуваат комотно, продуктивно, во работна околина што ги почитува нивните барања.”, вели Далибор Ѓошевски, сопственик на Жито Маркети.

Одговорните во компанијата појаснуваат дека вработените во новиот обејкт, покрај работнатадневна рутина, ќе имаат можност дел од времето да го поминат во специјално подготвениот простор ида го искористат за релаксација во текот на работното време. Кон овој концепт, по угледот на големите светски компании, во комплексот се уредени и комплетна кујна и ресторан за вработените.
“Кујната и ресторанотдаваат дополнителна вредност на целиот овој објект. Тука секојдневно ќе се хранат вработените, со однапред дефинирани менија по избор, почитувајќи ги диететските преференци на секој вработен.”, велат во Жито Маркети.

Новиот комплекс има голем магацински простор на два ката, со вкупно 3.000 м² површина, има десет електрични порти / влезови за товар и истовар на стока и е опремен со современи рафтови и друга врвна опрема. Дванаесетте разладни комори се на вкупна површина од 1.800 м², со четири лифтови. Комплексот може да биде целосно независен од електричната мрежа на подолг период, бидејќи располага со самостоен агрегат од 55 KW.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




