21 Мај, 2024
0.0274

Отворени денови на ЕВН Македонија

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Почна реализацијата на „Отворените денови за едукација за енергетска ефиксаност“ кои се дел од Училишниот проект на ЕВН Македонија. Во 12 основни училишта од земјава каде што се формирани енергетски клубови, околу 300 ученици пред наставниците, родителите, претставницитена локалната самоуправаќе презентираат што научиле и изработиле во текот на целата учебна година.

IMG_6983

„Подигнување на свеста за енергетска ефикасностпреку континуирана настава за разумно и безбедно користење на електричната енергија е целта на Училишниот проект кој веќе 9 години го организира ЕВН Македонија. Во текот на оваа недела се одржуваа оторени денови во 12 различни училишта ширум Републиката, рече портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски. Отворените денови се дел од локалните кампањи кои децата ги организираат за едукација на нивните родители, соученици и соседи за значењето на енергетската ефикасност. Сите учесници во Училишниот проект со жар го очекуваат и веќе се подготвуваат за националниот квиз за енергетика, што ќе се одржи во Струга на 26 мај, додаде Ковачевски.“

Преку современи методи за едукација,досега над 37.000 ученици во основните училишта од четврто до шестто одделение го зголемија знаењето за потеклото на електричната енергија, начините за заштеда, како и за безбедносните мерки при нејзиното користење. Децата исто така имаа можност, преку спроведување на локални промотивни кампањи да научат како стекнатото знаење да го пренесат на своите родители, соученици и целата локална заедница.

IMG_6973 Училишниот проект на ЕВН Македонија е носител на награда за општествена одговорност и е уникатен пример за соработка меѓу приватниот и граѓанскиот сектор. Партнери во спроведувањето на проектот на ЕВН Македонија се граѓанските организации: Здружение Конект, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза