19 Декември, 2025
0.0540

Отворено првото македонско училиште „во облаци“

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2014 20:20

Добивај вести на Viber

Со потпишување на договорот за соработка помеѓу АМЦ и МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА започнува со работа MyMentor, првото македонско училиште за ИТ вештини целосно поставено „во облаци“, на адресата www.mymentor.edu.mk. MyMentor представува целосно интегриран систем за управување со учењето кој се заснова на оригинална методологија наречена “менторирано учење на далечина”. Со MyMentor учењето се прилагодува според можностите и потребите на ученикот кој, во процесот на учење, никогаш не е препуштен сам на себе. Имено, за надминувањето на сите потешкотиите во текот на учењето се грижат искусни, компетентни ментори. Клучните придобивки кои ги овозможува овој пристап се заштедата на времето и средствата и подигнување на квалитетот на учењето. Со MyMentor ученикот може да учи во време и на место кое најмногу му одговара што е од особено значење за луѓето со густ распоред на обврски и малку слободно време. Дополнително, оваа форма на учење е корисна за лица со физичка попреченост која досега ги спречувала да посетуваат настава во традиционални училишта. Сега тие ќе имаат можност да учат од дома со помош на компјутер поврзан на интернет.
“Соработката со АМЦ ќе ни овозможи да се фокусираме на нашите клучни активности – менторирањето, одржувањето на системот и создавањето нови курсеви” изјави Александар Марјановиќ, основач на училиштето, додавајќи дека “најголемата придобивка е можноста овој вид школување да се направи достапно со помош на партнер кој ужива огромна доверба кај јавноста.”  "Голем удел во успехот на АМЦ лежи во фактот што постојано се трудиме на нашите клиенти да им понудиме производи и услуги од новата технологија што во себе содржат вистинска вредност и квалитет, како што е впрочем и во овој случај. Технологијата и технолошките производи од една страна и едукацијата и знаењето за технологијата од друга страна се взаемно составни делови од едно цело. Оттука сосема природно се наметна оваа соработка меѓу нашите две компании кои имаат долгогодишно искуство и традиција на нашиот пазар„ - изјави Горан Димитровски, извршен менаџер на АМЦ.
Според договорот, АМЦ ќе функционира како единствен овластен продажен партнер кој ќе го овозможи плаќањето на обуките преку сопствената веб продавница, поставена на www.amc.com.mk.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција