Outdoor Festival во Скопје Сити Мол - викенд исполнет со попусти и активности

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2024 13:35
Скопје Сити Мол ве поканува на Outdoor Festival од 13 јуни до 16 јуни каде
посетителите ќе имаат можност да се едуцираат за разни outdoor активности и да
ги искористат попустите за outdoor опрема и облека. Во рамки на првите три дена
ќе се одржат панел дискусии во Cineplexx за outdoor спортовите, за физичкото
здравје и ќе се споделуваат лични искуства и совети од наши истакнати
спортисти.
Во недела на 16 јуни за најмалите ќе има извиднички активности од 18 часот со извидничкиот одред „Методи Митевски-Брицо“, а потоа и детска атлетика од 19 часот. Извидништвото е авантуристичко патување каде малите љубопитни умови развиваат вештини за преживување и создаваат доживотни пријателства кампувајќи и учејќи за светот околу нас. Извидништвото е место каде врзувањето јазли станува врата кон издржливост, а секоја прошетка низ густите шуми е лекција за лидерство и тимска работа. Дел од забавните активности кои ги спроведуваат извидниците, како стреличарство, врзување на јазли, скриени пораки и иновативни игри ќе може да ги искусат во Скопје Сити Мол. Вашиот омилен Марко Новевски ќе биде со нас за да ве води низ програмата.
Дојдете во Скопје Сити Мол за сѐ што сакате од outdoor активности!
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

„Полесно не може да биде“ - нова понуда од ПроКредит Банка за нови корисници, со 12 месеци бесплатен пакет на банкарски услуги
Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Македонски Телеком воведува нова дигитална тарифа за млади: „W“

Како да создадеме општество без чад од цигари и дали тоа е возможно? Еве што велат експертите

Ананас и Иуте, ново партнерство и поглавје во развој на онлајн трговијата
