05 Декември, 2025
0.3296

ОВА Е НАВИСТИНА БАРАНА „СТОКА“ НА ДОМАШНАТА БЕРЗА - која акција „сврте“ промет од над 4 милиони евра за еден месец

Објавено во: Финансии 07 Ноември, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Рекорд над сите рекорди. Со акциите на Комерцијална банка се свртел промет на Берзата од над 4 милиони евра само во текот на еден месец, или станува збор за точно 4,14 милиони евра направен промет во октомври оваа година. 

Познато е дека акцијата на Комерцијална банка е една од најтргуваните и најбарана „стока“ на домашниот пазар на капитал, па затоа и не е изненадувачки оваа огромна сума на остварен берзански промет со таа акција.

Акцијата на Комерцијална банка има и највисока пазарна капитализација, а тоа е 891 милиони евра, што значи дека толку пари би требало некој да плати доколку сака да ги купи сите акции на банката во еден ден.

Ова е една од рекордните пазарни капитализации на најголемата банка, но како и натаму продолжува да расте цената на нејзината акција, се очекува на крајот на ноември таа да достигне уште повисока пазарна капитализација.

На второ место според остварен промет изби „Македонијатурист“, поради големиот интерес за купување акции на таа компанија во текот на октомври. Тоа доведе до промет од 2,52 милиони евра остварен со акциите на „Македонијатурист“. Пазарната капитализација на таа компанија е 57 милиони евра на крајот на октомври оваа година.

Голем интерес за купување акции во десеттиот месец од годинава имало и за акциите на нафтената компанија „Макпетрол“, која избила на трето место според остварен промет од 1,54 милиони евра. Со акциите на „Макпетрол“ вчера се оствари и блок трансакција од 542 илјади евра, значи продажба на акции за однапред познат купувач. Пазарната капитализација на „Макпетрол“ на крајот на октомври е 155 милиони евра.

Акциите на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ се секогаш интересни за инвеститорите, па со нив во октомври е направен огромен промет од 1,3 милиони евра. А, пазарната капитализација на таа компанија достигна фантастини 519 милиони евра.

Во октомври и акциите на Стопанска банка Битола биле голем предизвик за инвеститорите, па со нив е остварен промет од дури 760 илјади евра. Акциите на Стопанска банка Битола имале и највисок пораст во десеттиот месец од годинава, кој изнесувал 3,2 отсто, достигнувајќи просечна цена од 3.300 денари за акција во октомври.

Со акциите на рафинеријата ОКТА Скопје бил остварен промет од 446 илјади евра, со оние на НЛБ Банка прометот во октомври е 265 илјади евра, Гранит 1565 илјади, Реплек 133 илјади и со Стопанска банка Скопје 123 илјади денари остварен промет на берзанскиот пазар.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката