26 Ноември, 2024
1.2588

ОВА СЕ ЛУЃЕТО ОДГОВОРНИ ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА, КОМИСИЈАТА ГИ ОБЕЛОДЕНИ ИМИЊАТА: Први на листата Венко Филипче и екс-директорот Нино Васев

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Анетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија и радиотерапија по серија одржани седници денеска излезе со конкретни имиња.

-Заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како  и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи, политичка одговорност за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија е утврдена кај следните владини и здравствени функционери:

-Д-р Венко Филипче, министер за здравство во периодот од декември 2017 до јануари 2022 година

-Д-р Нино Васев, медицински директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од јуни 2017 година до ноември 2022 година

-Г-н Нехат Нухи, организационен директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од 2021 до април 2023 година

-Д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 2017 до август 2022 година

-Г-н  Стево Крстевски, директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од ноември 2020 до април 2022 година

-Г-н Фатон Ахмети, втор директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од октомври 2020 година август 2023 година

Во образложението, Анкетната комисија наведува:

Kлучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а извештајот уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и на директорите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Извештајот на ДЗР ги констатирал следните состојби:

1) се констатираат слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот

надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи/ упатства со кои ќе се воспостават правила и утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија;

2) пописот на средствата и обврските не е во целост спроведен и утврдено е непочитување на одредбите од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници;

3) биле преземени обврски над одобрениот буџет за 2021 година и Клиниката се јавува

како тужена страна во судски постапки по однос на неплатени фактури за набавка

на лекови и медицински материјали;

4) неусогласеност на сметководствената и материјалната евиденција на залихите со состојбата по спроведениот попис;

5) утврдена е несоодветна примена на Закон за јавни набавки за дел од спроведените постапки за јавни набавки;

6) во постапката за сервисирање на опрема за која економските оператори имаат монополска позиција/ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис пришто не постои можност да се спореди/утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги;

7) констатирано е дека набавениот линеарен акцелератор не е ставен во употреба, поради тоа што Клиниката не располагала со соодветен простор;

Врз основ на доставениот извештај на ДЗР за 2021 година, како и матерјалите доставени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а по барање на Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, како и исказите на сведоците и/или експертите кои дадоа искази пред Анкетната комисија, а во врска со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, по пат на дедукција се утврди дека:

1. Д-р. Венко Филипче, како тогашен министер за здравство во критичниот период на кој се однесува и извештајот на ДЗР, не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член226-и и член 295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 76 и член 77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1), член 13 (1, 2, 4) и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не постапил согласно членот 59.

2. Д-р Нино Васев, како тогашен медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно законските одреби предвидени во Законот за здравствена заштита, и тоа поточно: член 37, член 92-в, член 92-г, член 105, член 110, член 112, член 226-и, член 235 и член 237. Исто така не постапил согласно членот 9 од Законот за здравственото осигурување. Како директор не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33.

3. Д-р Нехат Нухи, тогашен организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 92-г, 92-в, член 105 и член 110. Посочениот организациски директор во предметниот период не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. Дополнително не ги применил важечките одредби од Законот за сметководство на буџети и буџетските корисници, и тоа: член 2, член 6 (2), член 7 и член 12. По однос на Законот за Здравственото осигурување не е постапено согласно член 9. По однос на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола не постапил во согласност со членот 7, додека од Законот за буџети не се соодветно применети членот 3 (2)т.8, членот 7 (2). Исто така не постапил согласно Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 4, член 5 (1, 2), член 6 (1, 2), член 39 (1), член 75 (1, 2) и член 77 (2, 5). Во негова надлежност е и непостапувањето согласно Законот за финансиска дисциплина, конкретно на членот 6 (1). Од Законот за донации и спонзорства не е постапено согласно член 3 (1)

4. Д-р Ирена Сотирова Бухова, како тогашен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, нецелосно ги применила важечките одредби од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно на членот 300. По однос на Законот за санитарната и здравствената инспекција, несоодветно ги применила членовите: чл.2, чл.5 (1, 2, 8, 9), чл 16, чл.17 (2), чл.19 (4) и член 24.

5. Стево Крстевски и Фатон Ахмети, во критичниот период и двајцата како директори на Фондот за здравствено осигурување нецолосно ги примениле законските одредби кои се однесуваат на нивните контролни надлежности кон јавните здравствени установи. По однос на Законот за здравственото осигурување ова се однесува конкретно на член 9, член 54 (12, 13), член 68 (2) и член 71. Исто така, не ги примениле соодветно прописите од Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување, и тоа конкретно член 1, член 6 и член 7.

Инаку, на содржината на овој документ стигна реакција од членовите на Анкетната комисија од редовите на СДСМ, од каде што велат дека ова не се заклучоци на Анкетната комисија, туку само заклучоци на членовите на Анкетната комисија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

ФОТО: МИА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите