„ОВАА ДАМА Е ЕДНА ОД НАЈЗЛОБНИТЕ, НАЈБЕСНИТЕ БУГАРСКИ ХЕЈТЕРИ“: Џамбазки заборави да биде кавалер, брутално ја нападна Јовева на социјалните мрежи
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2025 10:23
Ангел Џамбаски, бугарскиот националист познат по своите антимакедонски ставови, ја насочи својата националистичка реторика кон европратеничка од Словенија, Ирена Јовева, која има македонско потекло а која неодамна пред европратениците жестоко застана во одбрана на македонскиот идентитет и јазик.
„Оваа дама е една од најзлобните, најбесните бугарски хејтери во Европскиот Парламент. Нејзиниот татко е Бугарин од Босилеград, за кого вели дека е „Бугарин роден во Србија“, а нејзината мајка е „Македонка“ родена во Скопјe.
Јовева постојано покажува и изразува бес и вистинска омраза кон Бугарија, го негира постоењето на македонските Бугари, ја негира бугарската историја и наследство во денешна РС Македонија.
Токму ова е резултат на бруталната асимилација и геноцид врз Бугарите во окупираните западни бугарски периферии и во Македонија од страна на српско-комунистичките сатрапи и предавничката политика на бугарските влади од 9 септември 1944 година до денес.
Без исклучоци и без изговори“, напиша Џамбаски.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




