ОВАА ЗЕМЈА ИМА НАЈЕВТИНО ГОРИВО ВО ЦЕЛ СВЕТ - литар чини помалку од 3 центи
Објавено во: Свет 23 Септември, 2024
Најевтиниот литар бензин во светот може да се купи во Ангола, каде што чини само три евроценти (0,029 евра).
Веднаш по неа е Египет каде граѓаните плаќаат само 0,279 евра за литар бензин, а потоа следува Венецуела со 0,031 евра, пренесува „Блиц.рс“.
Спротивно на нив, во врвот се најдоа голем дел од европските земји кои доминираат меѓу земјите каде „црното злато“ е најскапо. Заедно со Хонг Конг, Монако, Исланд, Лихтенштајн и Холандија се во првите пет земји каде цената на литар гориво е насјкапа.
Македонија не е меѓу земјите со најскапо гориво, ниту пак меѓу оние со најниски цени.
По полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 ќе биде 75 денари за литар, на и Еуросупер БС-98 ќе изнесува 77, а на Еуродизел БС (Д-Е V) 67,50 денари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.