Овие комисии денес ќе имаат седници во Собрание
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2022
Три собраниски комисии денеска ќе имаат работа во Законодавниот дом.
Според најавата, седници ќе имаат Комисијата за финансирање и буџет , Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за економски прашања.
Од друга страна Агенцијата за разузнавање ќе ги дочека во посета Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност .