Овие пет луѓе ви се потребни ако почнувате бизнис
Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2017
Имате одлична идеја за бизнис и разработен план за тоа како идејата да ја реализирате.
Но, пред да почнете со бизнис, потребни се некои детали, а многу важни се познанствата.
Ќе ви биде неопходна мрежа на влијателни луѓе.
За почеток потребно е да имате ментор, човек кој во истиот бизнис веќе има искуство и може да ви каже низ што се поминал.
Најдете позната личност која на некој начин ќе биде амбасадор на вашиот бренд. Преку оваа личност вие ќе ги ширите контактите.
Добро е да имате колега кој исто така стартува со бизнисот. Со него ќе бидете колегијални и можете да ги споделите проблемите со кои се соочува фелата.
Младите и талентирани луѓе се вистински избор за вас.
Најважен од сите ви е инвеститор, кој има капитал и ќе ви помогне да почнете со работа.
Со овие пет личности можете да запливате во претприемачките води.
Сепак, важно е да стоите зад вашите одлуки, да имате самодоверба, да се усовршувате.