Овој град е новиот „Вухан“
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Декември, 2020
Откако се појави мутација на коронавирусот во Британија, Кинезите го сметаат Лондон за нов „Вухан“.
Кина е повторно во состојба на готовност по извештајот за новиот вид на вирусот корона откриен во Лондон. Вухан ја повика кинеската Управа за цивилно воздухопловство да забрани летови на патници од Велика Британија, а се разгледува и прекинувањето на летовите на товарни авиони од оваа земја откако во септември повторно беше воспоставена рутата, објави порталот Asiatimes.com. Некои кинески официјални лица и научници тврдат дека вирусотможеби не потекнува од Кина, а кинескиот државен весник „Јангце Дејли“ (Yangtze daily) пишува дека развојот на настаните во Велика Британија може да биде „нов доказ дека вирусот има повеќе верзии и повеќекратно потекло“.
Корисниците на Интернет во Вухан го нарекуваат Лондон „новиот Вухан“ и се прашуваат дали новоназначената британска амбасадорка во Кина, Каролин Вилсон, можеби донела нов вид на коронавирус во нивниот град. Веќе поминаа четири дена како е видена без заштитна маска на неколку официјални настани. Вилсон пристигна во Кина од Велика Британија на крајот на октомври и помина 14 дена во карантин во амбасадата во Пекинг, а според некои медиуми, новиот вид на вирус прво е откриен во септември на југоистокот на Велика Британија. Во градот Вухан, кој беше блокиран од февруари до април, немало случаи на локално пренесување на вирусот ковид-19 од мај, според кинеската Национална комисија за здравство.
Светската здравствена организација уште нема прецизен одговор како дојде до појава на вирусот и допрва ќе се истражува потеклото. Новата мутација пак ја има во повеќе земји.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.