„ПА НЕЛИ ТИ ПАРИ ОД ПАРТИЈА НЕ ЗИМАШЕ, ОД КАЈ СЕГА ВАКВИ РАБОЌЕ?“: Апасиев со ново провокативно прашање кон премиерот
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2025 09:24
Препукувањата меѓу Власта и опозицијата се заострува. По бројните објави на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за наводни испумпувања на пари од опозициската Левица за истакнати членови на партијата, се огласи лидерот на Левица повторно за скапите рачни часовници на премиерот Христијан Мицкоски.
- А бе ибрик, вистина ли е ова? Па нели ти ПАРИ од партија не зимаше, од кај сега вакви рабоќе? - пишува Апасиев, пренесувајќи објава на „Трета опција“ на социјалните мрежи со фотографии од трансфери на средства на име на премиерот.
Изминатиов период препукувањата меѓу владејачката партија и опозицијата се заострија, особено по бројните критики од Левица за користењето на средства за патни трошоци и престој во Скопје за пратеници од внатрешноста кои имаат станови во главниот град, но сепак користат и патни трошоци или трошоци за сместување.
По нивните критики, и барањето да се смени законот, владејачката ВМРО објави за трансфери на пари од партијата Левица кон нејзините истакнати членови, особено кон Мојсоска, за што таа пак возврати дека е тоа доказ за нелегално следење на опозицијата.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




