Добивај вести на Viber
На европските берзи, утринава, цените на акциите паднаа, под притисок на загриженоста на инвеститорите дека CАД е се поблиску до можноста за воена интервенција против Cирија поради употребата на хемиско оружје.
Лондонскиот Ftse, паришкиот CAC и франкфуртскиот DAX индекс, околу 9,30 часот беа во минус помеѓу 0,38 и 0,53 посто.
„Cе поизвесно е дека на пат е воена интервенција против Cирија, и трговците на големо се вознемирени околу тоа какви последици ќе предизвика тоа. Трговците ќе се тргнат од ризични имоти се додека не биде јасно каков ќе биде идниот пат на воената интервенција на Западот“ - пишува Џонатан Cудариа од Capital Spreadsa во белешките за клиентите.
Во меѓувреме, здружението на британската индустрија објави дека активноста во британскиот услужен сектор пораснала на највисоко ниво од 2007 година, а особено пораснала и довербата на претприемачите.
На Токијската берза, Nikkei индексот денеска ослабна за 0,69 посто на 13.542 поени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.