05 Декември, 2025
0.0287

Пад на добивката на Фершпед

Објавено во: Финансии 06 Ноември, 2013 12:44

Добивај вести на Viber

Фершпед АД Скопје ги објави финансиските резултати за своето работење. Еве што се вели во соопштението кое комапнијата го испрати до Берзата. „Фершпед АД Скопје оствари позитивни неконсолидирани финансиски резултати од работењето за период 01.01-30.09.2013 година. Оперативната добивка во износ од 44.538 илјади денари претставува намалување за 61% во однос на остварениот финансиски резултат во истиот период од минатата година, кога изнесуваше 114.506 илјади денари. Остварените оперативни приходи во износ од 3.027.183 илјади денари се поголеми за 2% во однос на истиот период од минатата година, кога тие изнесуваа 2.978.583 илјади денари. Во вкупните оперативни приходи најголемо учество имаат приходите од продажба на домашен пазар од 89,7%, потоа, на приходите од продажба на странски пазар отпаѓа 9,4 % и останатите оперативни приходи учествуваат со 0,9 %. Споредено со истиот период од минатата година зголемено е учеството на приходите од домашен пазар за сметка на приходите од странски пазар, како и зголемено е учеството и на останатите оперативни приходи. Вкупните оперативни расходи изнесуваат 2.982.645 илјади денари и тие се за 4 % поголеми во однос на истиот период од минатата година кога изнесувале 2.864.077 илјади денари. Порастот на оперативните расходи произлегува од порастот на расходите за услуги кои имаат и најголемо учество во вкупните оперативни расходи, односно учествуваат со 84,6 % и истите покажуваат зголемување за 4% во однос на ист период од минатата година. Порастот на оперативните расходи се должи и на порастот на расходите за трошоци за вработените кои покажуваат зголемување за 19%. Финансиските приходи во износ од 77.891 илјади денари покажуваат пораст од 121 % , додека финансиските расходи во износ од 15.557 илјади денари бележат пад од 16%. Нето добивката во анализираниот период изнесува 104.477 илјади денари што е за 18% помала од нето добивката во истиот период од 2012 година кога изнесуваше 127.376 илјади денари“. ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката